5 знаци на лоши бенки: Меланомот е еден од најопасните ракови

Секоја личност има бенки по своето тело. Стручното мислење е дека секоја бенка е опасна, ако доживее механичко оштетување. Меѓутоа постојат и оние бенки кои се развиваат во меланом. Еве како да ги препознаете...

Секогаш имајте на ум дека меланомот е еден од најопасните видови на рак, кој се развива прилично брзо. Поради тоа е многу важно да знаете да ги разликувате опасните бенки кои можат да се претворат во меланом. 

Асиметрија: Ако бенката е асиметрична, т.е. со неправилен облик и има чудни граници, тогаш одете на лекар.

Заматена граница: Ако границата на бенката е нејасна и мата и не можете да одредите точно каде се наоѓа.

Боја: Нормалната бенка е еднобојна, воглавно смеѓа. Ако вашата бенка има чудна боја, веднаш посетете дерматолог. Бојата на меланомот може да биде различна: сина, темно смеѓа, бела, па дури да има и неколку бои наеднаш. Уште полошо е ако околу меланомот се појави црвенило или друга боја на кожата.

Димензија: Нормалната бенка не е поголема од половина центиметар. Меѓутоа не е секоја бенка меланом. Ако имате голема бенка, задолжително посетете лекар, за да немате сомнежи.

Чувствителнот: Ако чувствувате непријатност кога ќе го допрете младежот, ако ве чеша или боли- тоа е знак на меланом.

Што да направите?

Ако воочите некоја од горенаведените промени на бенките, задолжително веднаш обратете се на дерматолог. Немојте да паничите. Откривањето на меланомот во рана фаза е сосема излечиво. Статистиката вели дека меланомот во рана фаза е излечив во 98% од случаите.

Како да се заштитите од меланом?

Прво прегледајте во своето тело и сите бенки. По 6 месеци повторно внимателно прегледајте го своето тело. Ако воочите било каква промена на бениките- јавете се на лекар. Лекарот ќе предложи отстранување на критичните бенки: оние кои стрчат или оние кои се во пределот на пазувите, појасот, градите... Не ја одбивајте оваа процедура, бидејќи е безболна и не остава трагови на кожата.