800.000 дози од вакцината на Фајзер во Македонија, договорот е дефиниран утринава

Од фармацевстскиот производите Фајзер, Македонија ќе добие 800 000 вакцини против Ковид 19.  Од Министерството за здравство потенцираат дека договорот е дрфиниран утринава.

-Министерот за здравство д-р Венко Филипче,  во директни преговори со овој производител, обезбеди вакцини за цела 2021 година. Договорот беше дефиниран утрово во телефонски разговор на министерот Филипче и висок претставник на компанијата прозиводител на вакцини против Ковид 19. Првите 5850 дози вакцини на Фајзер ќе стигнат во февраури, потоа ќе следува пратка со поголема количина во март, април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе се утврди, наведуваат од Министерството за здравство.

Повеќе информации за набавката на вакцина против ковид-19 во земјава, прочитајте на Фактор.мк


Фото: Фактор.мк