Ракот се вратил двапати и ѝ рекле дека ќе живее уште малку: 30 години подоцна ужива во втората шанса

Добивај вести на Viber

Фиона верува дека стресот одиграл голема улога во нејзината терминална дијагноза, толку многу што откако се ослободила од секојдневниот притисок и напнатост, се чувствувала како ракот да го нема.

Растејќи на топлото сонце на источниот брег на Австралија, животот бил повеќе од добар за младата мајка Фиона која уживала во кариерата и семејниот живот.

Таа имала 32 години, а нејзиното девојче три години, кога и била соопштена дијагнозата дека има рак и има 50 отсто шанси да преживее во следните две години.Се сè случило во 1993 година, а три децении подоцна таа сè уште го живее својот најдобар живот патувајќи низ светот со својот сопруг.

Како сето тоа започна?

Откако забележала нова, чешачка бенка на средината на грбот, Фиона, на предлог на нејзиниот сопруг Дејвид, отишла кај градскиот лекар. Решил да ја отстрани бенката, а откако го прегледал отстранетото ткиво, се покажало дека станува збор за меланом од четврта фаза.

Благодарение на нејзина блиска пријателка која случајно била медицинска сестра на онкологија, закажала термин во болница во Сиднеј, специјализирана за меланоми. Таму имала широка ексцизија на местото на бенката, хируршка процедура со која се отстрануваат канцерогените клетки, како и дел од здравото ткиво што ги опкружува, со цел да се спречи повторување.

Најчестиот прв знак на меланом е обично појавата на нова бенка или промена на постоечката, која во повеќето случаи ќе има неправилна форма и/или повеќе од една боја. Канцерогена бенка, исто така, може да изгледа поголема од вообичаеното и понекогаш може да чеша или крвари.

Иако ова може да се случи каде било на телото, најчесто погодените области се грбот и нозете.

Првата операција

По отстранувањето на бенката и смирувачките зборови од докторот, Фиона се вратила на уживањето во животот со своето семејство, постигнувајќи ги сите нејзини цели во кариерата. Но, многу брзо таа нашла чудна грутка под пазувите.

Ракот за кој мислела дека никогаш нема да се врати метастазирал, а потоа и ги заразил лимфните жлезди под раката, па лекарите закажале операција.

-Кога докторот рече дека во понеделник ќе бидам во болница, само почнав да плачам. На крајот ми рекоа дека имам 50/50 шанси да преживеам две години, а јас само мислев дека тоа е доволно добро, нема што да се грижам. И отидов на работа – саркастично рекла таа, пренесува „Њузвик“.

Уште една операција

Две години подоцна Фиона започнала сопствен бизнис, кој го водела без никаков проблем, но зафатениот начин на живот и предизвикал голем стрес.

- Одеднаш имав многу чудно чувство. Постојано го испуштав пенкалото, не можев да се сетам на мојот телефонски број кога некој ќе ме праша и мислев дека не се чувствувам добро. Се сеќавам дека имав страшни главоболки, не можев ни да зборувам. Се чувствував толку лошо. Возевме до болницата, каде што направија магнетна резонанца и рекоа дека имам крварење од мозокот. Бев оперирана во специјализирана болница.

Таму, на сопругот му било кажано дека веројатно нема да излезам жива или дека ќе бидам како растение, па морал да помине часови размислувајќи за тоа што е најдоброто нешто што може да го направи за неговата сопруга.

Но, таа преживеа. Лекарите успеале да го отстранат туморот и таа почнала со радиотерапија. Сепак, тоа не значело дека таа е целосно излечена.

Точката на вриење

- Прославете ако стигнете до Божиќ - биле зборовите на кои Дејвид се сетил додека лекарите му објаснувале дека направиле се што можеле, но меланомот на неговата сопруга не исчезнал.

Кога Фиона го слушнлаа ова, била уништена, целиот свет и се срушил, но не можела да дозволи негативните мисли да ја совладаат.

- Размислив. Имам моја употреба на датум, но тој не кажа кој Божиќ, па продолжив понатаму, се пошегува Фиона.

Откако ја прифатила идејата дека лекарите ништо друго не можат да направат за неа, таа нашла клиника во која се одржуваат работилници за различни начини за лекување на ракот и тогаш сè се променило.

- Тоа што го правевме во тој момент не функционираше. Така и двајцата ја напуштивме работата, се преселивме од Сиднеј во Квинсленд, каде што темпото на живот беше многу побавно. Многу медитирав и визуелизирав и верував дека морам да останам позитивна бидејќи имам прекрасен сопруг кој ме сака и прекрасно 5-годишно девојче на кое и треба мајка. И само помислив дека љубовта ќе ме носи низ овој процес, да бидам позитивна кон сите и да се опкружувам со позитивни луѓе.

Нов живот
Кога се населиле на новата локација, станале вегетаријанци, па дури и одгледувале свои производи.

Во исто време, Фиона медитирала, се развивала и водела живот без стрес, додека нивната ќерка Надија одела во локално селско училиште и живеела опуштен начин на живот.

Штом Фиона се почувствувала подобро, парот решил да патува низ Австралија една година во караван.

Фиона верува дека стресот одиграл голема улога во нејзината терминална дијагноза, толку многу што кога била ослободена од притисокот и напнатоста предизвикани од нејзиното постојано работно време и градскиот живот, се чувствувала како ракот да го нема.

- Поразително е кога се соочуваш со сопствената смрт, но мора да останеш позитивен и да кажеш дека можеш да го направиш тоа. Ќе имате лоши и добри денови, само бидете нежни со себе.

Пркосејќи им на сите шанси, Фиона успеа да преживее, живеејќи го животот во потполност, никогаш повеќе не размислувајќи за својот рак.

Фото: Фејсбук
Извор: Оna.telegraf.rs