Абортирав и отидов да пеам: Злата Петровиќ за најголемиот грев кој ѝ тежи со децении

Добивај вести на Viber

„Бев во четвртиот месец, мојот стомак веќе почнуваше да расте. По десет дена молење, успеав да ја убедам мајка ми да абортирам".

Фолкерка Злата Петровиќ има два сина од два брака, а првиот го доби на 18 години, со нејзиниот колега Хасан Дудиќ.

Веќе на 14-годишна возраст, Злата за првпат се омажила за човек кој не го сака, по наговарање од нејзините родители.

Штом завршила осмо одделение, нејзината мајка и очувот го пронашле нејзиниот сопруг. Иако младиот човек бил убав и од богато семејство, Злата не сакала да биде со него затоа што не го сакала:

- Кај нас женските деца не го продолжуваат образованието. Тие или стапуваат во брак или остануваат дома за да работат. Не не продадаваа за пари, тоа се сега обичаите на свадбите на Ромите во Италија или Париз. Во мое време, богатите избираа вредни девојки. Кога родителите на младиот човек ме видоа како чистам, мијам, работам, ме одбраа да бидам сопруга на нивниот син. Никој ништо не ме праша! Но, јас не се спротивставив, знаев дека мора да биде така. Јас бев лута на животот. Плачев три месеци, иако мојот сопруг, чие име не сакам да го споменувам, беше неверојатно убаво и добро момче - изјави Злата за српски „Блиц“.

Кога решила да се разведе и да започне да пее, таа имала 16 години и била бремена, но сфатила дека не сака да го роди неговото дете.

- Бев во четвртиот месец, мојот стомак веќе почнуваше да расте. По десет дена молење, успеав да ја убедам мајка ми да абортирам. Бог да ми прости, тоа е мојот најголем грев што го носам со децении. Но, никој не сакаше да ми направи киретажа затоа што детето веќе беше живо во мојот стомак. Тешко можев да најдам лекар кој се согласи да ми го стори тоа без страв дека ќе го уапсат, бидејќи беше незаконски. Не размислував дали ќе се каам, бидејќи во мојата глава сакав да се ослободам од детето и да го симнам товарот од грб. Ме расекоа жива кога ми ја направија киретажата, а јас од таму отидов да пеам! Се качив во автобусот со мајка ми за Белград, а потоа право за местото каде што истиот ден имав настап - пренесува „Блиц“.

Фото: printscreen

Извор: alo.rs