Ако ги учиме да се културни, им се смее околината: Како да ги воспитуваме децата?

Ако ги учиме да бидат внимателни и учтиви спрема другите, тогаш нашите деца се исмејувани во очите на другите. Ако бараме да бидат културни и љубезни, со нив се шегува околината. Ако им речеме да бидат вредни и да учат, и сите проблеми да ги решаваат по мирен пат, постои шанса да ги нападнат насилници и силеџии.

Српскиот портал Педијатар.рс вели дека воспитаните родители си ги поставуваат прашањата како да ги воспитаат своите деца. Како да се превоспитаат невоспитаните деца? Прво треба да се превоспитаат нивните родители. 

Училиштето тоа не може да го направи. Тешко оди, затоа што немаат поддршка од Државата. Училиштата во регионот сосема кренаа раце од воспитувањето на децата. Уште полошо е што балканските држави немаат воведно казни спрема невоспитаните деца и тие мислат дека сѐ им е дозволено па ги малтреираат културните деца и нивните родители. Невоспитаните органи ги поддржувaат невоспитаните родители и нивните деца и тука кругот на злото е затворен. Доброто е останато вон тој круг и добрите треба сами да се снаоѓаат. 

На тој начин се нарушува угледот и на улилиштата како државни институции, а родителите постојано стравуваат од насилство врз нивните деца. Во тој случај, се создава голем простор за развој на приватните училишта. Во приватните училишта, не постои таков страв во споредба со државните улилишта. Таму насилството не е дозволено.

Среде тој хаос кој државите во регионот не го спречуваат, додава српскиот сајт, остануваат сами наставниците, воспитаните деца и нвините родители.