Ако планирате одмор во Грција, и таму цените скокнаа

Стапката на инфлација во Грција се зголемила на најмногу во речиси последните 30-на години, што веројатно придонело до големиот раст на цените за патување, пренесува „б92“.

Стапката на инфлација во Грција само во месец мај достигнала 11,3 отсто, што е повеќе од 10,2 отсто во април и 0,1 отсто во мај лани. Иако цените на хотелските соби, автомобилите за изнајмување и другите важни аспекти за патувањето го достигнале максимумот ширум Грција, особено на грчките острови, тие веројатно само ќе растат.

На Миконос некои од лежалките во ексклузивните барови, ресторани и клубови на плажа можат да чинат скоро колку и месечна минимална плата во Грција. Повеќе детали прочитајте на Фактор.мк


Фото: фреепик