Причината која би можела да ги смири Вилијам и Хари е срцепарателна: Кралот Чарлс исто така сака подобар однос со синот

Добивај вести на Viber

Принцот Вилијам и принцезата Кејт се во лоши односи со Хари и Меган Маркл веќе четири години, но идниот крал и кралица се „отворени“ за помирување, вели извор, според Њујорк пост.

Анонимен инсајдер изјави за Us Weekly дека Вилијам и Кејт се мотивирани да се помират заради нивните деца.

„Тие сакаат врска со Меган и Хари и не сакаат раздорот да се пренесе на следната генерација“, рече изворот.

Инсајдерот додаде дека Меган и Хари се чувствуваат исто, велејќи: „Очигледно, војводата и војвотката сакаат нивните деца да имаат врска со нивните братучеди“.

Вилијам и Кејт се родители на принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5), додека Хари и Меган се мајка и татко на принцот Арчи (4) и принцезата Лилибет (2).

Принцот Хари треба да се врати во Велика Британија следната недела на церемонии по повод 10 години од првите Invictus Games, што поттикна шпекулации дека би можел да се сретне со Вилијам и Кејт, која моментално се лекува од рак.

Сепак, друг извор изјави за Мирор дека е малку веројатна каква било средба лице в лице.

„Нивниот однос и понатаму е исклучително затегнат. Хари приватно изрази желба да седне со својот брат, но сега не е време“, рекол изворот.

Се очекува Хари да остане во хотелска соба за време на неговото претстојно патување во Велика Британија, откако кралското семејство не му понудило ниту една од нивните многубројни резиденции.

Тоа нема да биде првпат Хари да престојува во хотел за време на брзо патување во Лондон, што го избра за време на неговото пристигнување во Велика Британија во февруари, откако кралот Чарлс откри дека му бил дијагностициран рак.

Во моментов не е јасно дали Хари ќе се види со Чарлс за време на неговиот краток престој во Велика Британија следната недела.

Еден пријател изјави за Дејли Бист дека Чарлс сака да ја обнови врската со Хари - нешто што Вилијам го разбира.

„Ракот ги става работите во друга перспектива“, вели пријателот на кралското семејство.

Вилијам ја почитува желбата на татко му да се смири со синот, но сега неговиот фокус е да го заштити своето семејство од стресни ситуации“.