Богдана вчера го напушти породилиштето, а еве што се случува денес во домот на Ражнтовиќ: Вељко има нова објава како го поминуваат викеднот

Добивај вести на Viber


Боксерот Вељко Ражнатовиќ стана татко по трет пат.

Вељко вчера, 17 мај, ги изнесе сопругата Богдана и синот Исаија од приватното породилиште во Белград, а денес веќе го поминува времето во Тител. Сончевиот ден, по неколку врнежливи, го искористи да заплива во семејниот базен во Тител, од каде сподели фотографија.

Вељко позираше насмеан, а зад него се крие прекрасната природа која можете да ја видите на фотографијата подолу.

Да потсетиме, големо внимание вчера привлече луксузниот носач кој Вељко и Богдана го подготвија за заминувањето на Исаија од породилиштето.

Вељко најпрвин со помош на пријател ги однел работите до автомобилот, а потоа отишол да ги земе сопругата и синот.

Среќните родители го изнесоа наследникот во шарена носач која има глава на тигар на кој е заштитен знакот на неговиот покоен татко Жељко Ражнатовиќ Аркан – тигар.

Носачот е дел од комплет со количка чија цена е 1.632 евра.

Иако многумина сигурно мислеле дека носачот за бебиња е направен по нарачка, успеале да го најдат пред три години веќе готов, а го дизајнирал познат англиски пејач и текстописец.

Станува збор за Палома Фејт, која дизајнираше голем број колички за бебиња за „Cosatto“.