Нина Сеничар го прослави Денот на мајките во прегратките на ќерка ѝ: Додека го чека второто бебе, ужива семејно (ФОТО)

Сеничар и нејзиниот сопруг Џеј Елис добија девојче по име Нора Грејс на 11 ноември 2019 година, истиот ден кога Нина наполни 34 години.

Актерката и модел Нина Сеничар го прослави Денот на мајката во прегратките на својата ќерка Нора. Денот на мајката во САД го слави мајчинството во втората недела од мај. Денот е посветен на чествувањето на мајките, бабите, свекрвите и сите мајчински фигури.

View this post on Instagram

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)



Нина сподели трогателно видео од градината на кое се гледа како нејзината ќерка лета во прегратките на нејзината мајка. Тие две носеа фустани со идентични дезени, а на Нина едвај и се гледа стомачето иако се очекува да се породи во лето.

Сеничар и нејзиниот сопруг Џеј Елис добија девојче по име Нора Грејс на 11 ноември 2019 година, истиот ден кога Нина наполни 34 години.


Актерката ја прослави веста со видео на кое Елис и самата ги држи нозете на своето бебе со натпис: „И токму така, нашите животи добиваат сосема ново значење. Добредојде Нора Грејс Елис, 8.11.2019 година“.

Откако ја роди нивната ќерка, Сеничар сподели неколку слатки моменти од нивниот семеен живот со обожавателите, вклучувајќи ги и фотографиите на Нора како праќа пораки и го „вози“ својот розов електричен џип во божиќните пижами.

На вториот роденден на Нора, Елис ги објави фотографиите со натпис: „Денес е потсетник дека не сме спиеле две години“.

Нина Сеничар во февруари ја сподели со јавноста радосната вест дека повторно е во блажена состојба и чека уште едно дете.

Таа на „Инстаграм“ ја објави фотографијата со опис: „И туку така... Доаѓа бебе број два“, а во следните минути веќе доби бројни честитки и коментари со убави желби.


Foto: Instagram/ninasenicar