Пријателите за мене се како рефрен во песна – без нив ништо, сите успеси, предизвици се послатки ако има со кој да ги споделиш: Интервју со Тамара Стојковска
Тамара Стојковска (28) е вистинско освежување на македонската музичка сцена. Уникатноста во жанровските песни, колоритните спотови и нејзиниот изглед остава печат на нешто свое.
„Не е до мене“ беше песна која изминатата година се вртеше на радио станиците, а за видео спотот се коментираше дали тоа е спот на наш македонски изведувач, бидејќи изгледа целосно светски.
Тамара работи на себе и нејзината кариера, полека, но сигурно, ненаметливо. На својата публика неодамна и подари уште едно уникатно музичко парче „Подобор заслужувам“, повторно своја и во звучниот и визуелниот приказ.
Од кога знае за себе, таа пее. Почетоците ги имала на
детски фестивали, но како растела одговарала на поголеми предизвици како
настапи со Камерниот оркестар Iwconect, женскиот хор на МКЦ, но и како индивидуа која слободата
на музичкото изразување ја има на нејзините клубски свирки со нејзиниот бенд.
Одблизу со Тамара Стојковска во интервју за Женски магазин...
Денот го почнувам со... музика ама обавезно нешто позитивно, кафе и брзинска прошеткана кеј со моето куче.
Музиката ја сакам, зошто... имам простор да сум целосно своја. Да сум вљубена, силна,тажна, ранлива, сѐ што сум и сѐ што чувствувам. И сѐ тоа да допре до некој друг, даразубави ден, да утеши, и да сочувствува дури и со луѓе што не ги познавам.
Мојот прв јавен настап беше... на 7 години, на детскиот музички фестивал „Тра Ла Ла“ во Битола со песната ,,Сестричка”.
На него се сеќавам... целосно. Од пробите пред фестивалот, до вежбање накореографија дома, до првото чувство да се биде на сцена, да светат светла и да играш ипееш пред публика. Без трема, без страв, само возбуда и некои убави чувства.
Битола ја сакам зошто таму... ми се првите музички почетоци и настапи, пријатели испомени од детството.
Што има Битола, а нема Скопје и обратно... Битола ги има Широк Сокак и Пелистер, анема аеродром, нели :)). Шала на страна, мислам дека се буквално две крајности, ама менеи двете ми се дома и бидејќи често патувам гледам да се фокусирам само на предностите итаму и таму.
Мој омилен изведувач е... немам еден омилен, ама имам доста што обожавам да гислушам и ме инспирираат. Од македонската сцена омилен бенд ми е Фолтин, а од светотпоследниов период најмногу ги слушам Lawrence, Yebba, Harry Styles, Olivia Dean, итн.
Во глава овие денови ми се врти песната...„Ok Love You Bye“ од Olivia Dean.
Ме инспирира... луѓе, места, чувства, ситуации, животни приказни, филмови, музика, сѐкога станува збор кретивниот дел од работата! А за да работам и да не се откажувамнајмногу ме инспирираат успешни луѓе од било која професија. Обожавам да сум водруштво на луѓе што се амбициозни и со љубов работат на своите соништа.
Како тинејџерка бев... малку побунтовна и гласна, сега некако сум релативно потивкадури и кога нешто внатре сака да се побуни (се смее).
Пријателите за мене се... како рефрен во песна - без нив ништо. Сите успеси, ситепредизвици се послатки (или полесни) ако има со кој да ги споделиш.
Верувам во пријателства кои остануваат засекогаш... бидејќи има луѓе со кои се знаемеод деца и секогаш сме тука едни за други, без разлика колку животот ни ги разделилпатиштата.
Најголема поддршка во она што го работам добивам од... најблиските, но и одсоработници и од луѓе што доаѓаат на настапи и ме следат и поддржуваат и во новитепроекти и песни.
Омилена моја песна е... мојата прва песна ,,Друга ѕвезда”. Иако сите имаат посебнозначење за мене, таа има некоја посебна сентиментална вредност. Можеби дека прва, аможеби и поради темата, но ете ако мора да издвојам една, моментално нека биде таа.
Подобро заслужувам... од сѐ што не ми дава простор да
бидам тоа што сум.
Сакам да снимам дует со... многу артисти од нашата естрада, не
би можела да издвојамеден
или неколку.
Ми значат коментарите и поддршката од колегите... и многу се радувам кога сеподдржуваме и разменуваме мислења и совети со луѓето што го одат истиот пат.
Коментарите кои најчесто ги добивам поврзани со мојата музика се... позитивни и ептенме радува што е така. Особено кога луѓе прв пат слушаат некоја од моите песни и им оставадоволно впечаток за да ми пишат или остават коментар за првите импресии.
Мојот музички правец би сакала да се движи... слободно, искрено и без жанровскиграници како и до сега. Има толку многу жанрови и стилови што ми се допаѓаат и едвајчекам да експериментирам со нешто ново и непознато за мене.
Моја омилена боја е... немам, освен што не сакам портокалова, на другите бои секогашим наоѓам место некаде.
Жанрот на музика влијае на мојот стил на облекување... и тоа се гледа и во моитеспотови и во секојдневието. Некогаш се чувствувам елегантно и женствено, некогаш урбанои шарено и обожавам да си играм со двете крајности.
Моја најголема маана... е прекумерно размислување. Без разлика колку добри работи сеслучуваат, јас некаде назад во главата размислувам и паничам за најлошото (инерационално) сценарио.
Мојата најголема предност... е што сум искрена и снаодлива и би работела и ден и ноќ зада го остварам тоа што го сакам.
Имам страв од... жаби, а и од неуспех по малку. На второто работам за да го надминамама на жабите им се предадов одамна (се смее).
Фејсбук, Инстаграм или Тик ток и зошто... Инстаграм бидејќи таму имам мала, искрена иубава заедница со која разменуваме мислења за музика и сѐ останато.
Габриела Додевска Глигоровска
Фото: Димитар Стиснијовски/ Ѓорѓи Вацев