Бајага доживеа сообраќајна несреќа по погребот на Бора - емотивниот момент се претвори во драма!
Момчило Бајагиќ Бајага враќајќи се од погребот на колегата и пријател Бора Чорба доживеа несреќа.
Имено, Бора Ѓорѓевиќ денеска беше погребан во родниот Чачак, а до вечниотдом го придружуваа семејството, бројните пријатели, колеги и љубители на неговата музика. Меѓу нив беше и Момчило Бајагиќ Бајага, кој беше многу близок со легендарниот рокер.
По погребот Бајага и неговите колеги се упатиле кон Белград, а на излез од Чачак во нив удрил автомобил.
Бајага се огласи по тој повод и објасни што точно се случило.
„Се работи за полесна сообраќајна несреќа. Не ја доживеав несреќата јас, туку автомобилот пред нас. Се случи мала сообраќајна несреќа и фала богу сите се добро. Што би рекле, обично „чукнати“, нема повреди“ – изјавил музичарот.
Инаку, Бајага пред погребот се прости од Бора заедно со членовите на бендот „Бајага и инструктори“.
- На 04.09.2024 нè напушти нашиот сакан Борисав Ѓорѓевиќ, поет и рок мајстор... Драг наш Боро! Ти благодариме што си дел од нашите животи, како пријател и деловен соработник. Секогаш ќе бидеш во нашите срца и сеќавања. Те сакаат вечно твоите: Бајага, Жика, Локнер, Гане, Киќо, Сале, Кузма, Чукиќ и Зеко - пишува во некрологот што „Бајага и инструкторите“ му го посветиле на Бора.
Фото: Принтскрин/ ЈутјубИзвор: Blic.rs