Синот на Адријана Лима полни 2 години: Го доби името по нереалната боја на очи, а гордата мајка сподели посебни детали
Синот на Адријана Лима денеска го слави својот втор роденден. Гордата мајка ја покажа декорацијата кој сама ја дизајнираше.
Синот на Адријана Лима полни две години и не престанува да воодушевува со својата нереална боја на очите. По неа го добил името Сијан, што е назив за зеленикаво-сина нијанса.
Точно, момчето не го гледаме многу често, дури ни на социјалните мрежи, веројатно затоа што е сè уште мало. Последен пат родителите го покажаа пред јавноста за време на Светското првенство во Катар во 2022 година, кога тој позираше со својот татко во дресот на бразилската фудбалска репрезентација.
Поранешната манекенка која на почетокот на месецов не воодушеви со својата физичка трансформација и слабеење, се потруди роденденот на својот син да биде незаборавен, па сама се погрижи за украсите. На фотографијата која ја објави на Инстаграм гледаме бели балони во комбинација со сребрени украси и фотелја со името на славеникот .
Да потсетиме, Адријана Лима од бракот со Марко Јариќ има две ќерки Валентина и Сијена, а пред две години му роди син на продуцентот Андре Лемер.
„Сијан е боја помеѓу зелената и сината на видливиот светлосен спектар. Сијан е бојата на водата во Бора Бора и Малдивите, места каде нашето семејство сака да оди. Сијан сега е нашата омилена боја, бојата на очите на нашето момче.
Foto: adrianalima / Instagram