Жената со тело на божица ја покори Италија во фустан со шлиц до меѓуножје: Секој мускул на неа е совршено извајан
ФОТО: Инстаграм
Синоќа официјално започна филмскиот фестивал во Венеција, а на свеченото отворање почнаа масовно да пристигнуваат светските ѕвезди. Меѓу првите кои се појавија на познатиот црвен тепих на Мостра беше манекенката Изабел Гулар која со својот изглед ги остави без зборови сите присутни.
Атрактивната манекенка Изабел Гуларт, која важи за една од најубавите жени на планетата, блесна во долга црна тоалета украсена со сребрени светки. Посебен детаљ беше шлицот од тул кој достигнуваше речиси до папокот.
Топ фустанот беше малку проѕирен, а убавата Бразилка го комплетираше изданието со впечатливо сребрено ланче, дијамантски обетки, а се одлучи за вртоглаво високи црни сандали. Таа ја средила косата во елегантни бранови, а заводливата шминка дополнително ја истакна нејзината природна убавина.
Убавата 39-годишна дама се прослави како модел на „Викторија сикрет“, а важи за жена со „убиствена“ фигура - секој мускул на нејзиното тело е буквално извајан. Самата Изабел призна дека тренира како професионален спортист, а не како модел и дека нејзината рутина за вежбање вклучува голем број спортови, а не само одење во теретана.
Инаку, една од најубавите жени на светот, Моника Белучи, пристигна во Венеција со својот партнер Тим Бартон, чиј филм „Beetlejuice“ ќе биде прикажан вечерва и со тоа официјално ќе ја отвори Мостра.
Драматично ја промени бојата на косата: Моника Белучи ја фрли Италија на колена во проѕирен фустан-дамска сензуалност