Лавови-чувајте се од нагли одлуки, добар ден за Раковите: Дневен хороскоп за 6 септември
Овен
На крајот од денот внимавајте како влијаете на другите бидејќи одредени деловни соработници ќе се побунат против вашиот начин на работа. Љубовната ситуација ќе биде подобра во моментот кога ќе дознаете дека не е добро да се биде толку тврдоглав и толку ексклузивен.
Бик
Вашата семејна ситуација ќе биде постабилна во моментот кога другите членови ќе разберат што се обидувате да им кажете со години. Деловната соработка со луѓето со кои соработувате првпат ќе биде квалитетна бидејќи сакате да оставите добар впечаток.
Близнаци
Во следните неколку дена зависи од вас како ќе се одвиваат работите во партнерството. Не дозволувајте деловните соработници да имаат погрешно мислење за вас, а сето она што може да предизвика сомнеж во она што го правите обидете се да го отстраните преку директен разговор. Проблеми со грбот.
Рак
Денес ќе биде добар ден да започнете нешто ново во соработка со луѓе со кои одамна не сте соработувале. Што се однесува до емоциите, обидете се да бидете пообјективни и да му дадете на вашиот партнер многу повеќе разбирање низ што поминува моментално.