Ѝ кажале дека има тешки менструации, а потоа дошла фаталната дијагноза: Ако порано ги слушаа моите грижи, немаше сега да сѐ лекувам од рак во четврта фаза
На мајката која лекарите пет пати ја праќале дома од собата за итни случаи, и рекле дека „има само тешка менструација“, ѝ бил дијагностициран рак во четврта фаза.
Ема МекКвити постојано крварела и имала силни болки кога првпат ја посетила собата за итни случаи во февруари. Но, по мачното 15-часовно чекање, персоналот едноставно ја испратил дома со лекови против болки.
За време на уште четири посети во текот на следните неколку месеци, секој пат кога и било кажано дека има менорагија (тешки периоди) и единствените тестови направени биле примероци од урина.
Подоцна, член на семејството ја убедил да оди во болницата во Алстер, каде и била дадена катастрофална дијагноза.
Она што Ема не го знаела е дека туморите и растат на грлото на матката, матката и мочниот меур, поради што има силни болки и не може да оди правилно.
Работите да бидат уште полоши, лекарите и кажале дека ракот почнал да се шири и на другите делови од телото. Додека се подготвувала за агресивен третман за рак во наредните недели, Ема страдала и од откажување на бубрезите и сепса - смртоносна состојба која може да убие за неколку часа, ако не се лекува навреме.
- Ако лекарите порано ги слушаа моите грижи, можеби немаше да бидам во страшна ситуација кога сега треба да се лекувам од рак во четврта фаза и повеќе тумори. Состојбата ми стана толку лоша што сега едвај можам да одам и ми треба помош за да се движам. Посакувам само да ме слушаа - изјавила Ема, цитирана од „Мирор“.
Фото: Gofundme.comИзвор: Ona.rs