Карлеуша ги однесе ќерките во Париз, Душко им приреди изненадување: Еве што Тошиќ направи за Атина и Ника за нивниот роденден
Јелена Карлеуша ги однесе ќерките во Париз. Таа им подари патување во Франција и патување во Дизниленд за нивниот роденден, кој го слават денес. Со нив е и нејзиниот продуцент Зоран Бирташевиќ.
Таткото на Атина и Ника, поранешниот фудбалер Душко Тошиќ, не отишол со нив на патувањето, но се обидел да ги изненади своите ќерки.
Токму Јелена на својот Инстаграм објави што направил Душко за своите ќерки. Имено, Тошиќ испратил два букети цвеќе во луксузниот хотел во кој биле сместени.
- Таткото на Атина и Ника на своите ќерки им испрати цвеќе за роденден - напишала Карлеуша, а на букетите има и пораки на француски јазик.
- Тато ти посакува среќен роденден. Бакнежи - стои на белешката.
Инаку, Јелена на својот профил објавуви видеа и фотографии и покажа како го поминува времето со ќерките во Дизниленд.
Фото: ИнстаграмИзвор: Kurir.rs