„Одбив 32 лекари да одам на хемотерапија, се лекував холистички: Супермоделот Ел Макферсон откри дека се борела со рак на дојка 7 години

Добивај вести на Viber

Ел Макферсон откри дека тајно се борела со ракот на дојката пред седум години и сега е во ремисија и покрај тоа што одбивала хемотерапија.

Ел Мекферсон, австралискиот супермодел, во своите мемоари кои наскоро ќе бидат објавени откри како имала „холистички“ пристап кон болеста и ја одбила хемотерапијата и покрај тоа што 32 лекари ја советувале да ја третира на тој начин.

View this post on Instagram

A post shared by Elle Macpherson (@ellemacpherson)



Зборувајќи за Women's Weekly за нејзината дијагноза, Ел откри:

„Тоа беше шок, беше неочекувано, беше збунувачки, беше страшно на многу начини и навистина ми даде можност да копам длабоко во мојата свест и да најдам решение кое е добро за мене.

Лекарите ѝ препорачале на Ел да се подложи на мастектомија со зрачење, хемотерапија, хормонска терапија и реконструкција на градите.

Меѓутоа, Ел, која во тоа време се забавуваше со обесчестениот антиваксер Ендрју Вејкфилд, реши да оди против конвенционалната медицина, велејќи дека тоа е прекрасна вежба да се биде верна на себе, да си верува во себе и да верува во природата на своето тело и во одлуките што ги избрала.

„Да кажам „не“ на стандардните медицински решенија беше најтешката одлука во мојот живот. Но, да кажам „не“ на моето внатрешно чувство би било уште полошо“, рече таа, додавајќи дека хемотерапијата и операцијата ѝ изгледаат „екстремни“.

Ел сега е во ремисија, а таа откри дека нејзиниот партнер и најстариот син биле против нејзината одлука да не оди на хемотерапија.



ФОТО: Инстаграм