„Таа е единствената што ме сака безусловно“: Де Ниро ја покажа едногодишната ќерка и откри како е да се биде татко на 81 година

Добивај вести на Viber

Неколку месеци пред 80-тиот роденден, легендарниот актер го доби своето седмо дете, а сега покажа како ужива со својата сакана

Роберт де Ниро во последно време често е во центарот на вниманието поради фактот што стана татко на 79 години, а главно избегнува да зборува за приватниот живот и за семејството.

Неодамна, сепак, направи исклучок и на јавноста ѝ ја покажа својата ќерка, која се роди во април 2023-та година, а зборуваше и за татковството во подоцнежните години.


Тој позираше држејќи ја во раце малата Гиа, која ги наследи и карактеристиките на легендарниот актер и неговата мајка Тифани Чан, која е 35 години помлада од Де Ниро.

Оскаровецот сега гостуваше во „The View“ и истакна дека „има луѓе кои му помагаат“ и дека „не прави сѐ сам“ кога е во прашање грижата за бебето.

– Таа е единствената која ме сака, без услови, без ништо, без критики – изјави Роберт Де Ниро.

Актерот и Тифани Чен потврдија дека станале родители еден месец по раѓањето на Гиа, а парот доби ќерка по две години врска.

Покрај бебето, Де Ниро има уште шест деца - тој е татко на Дрина де Ниро (52), Рафаел (46), близнаците Џулијан и Арон (28), Елиот (25) и Хелен (12), а тој има и три внуци, додека неговиот внук Леандро почина во јули минатата година.

Пред неколку месеци, тој зборуваше и за Гиа во интервју за „People“, кога истакна дека неговата ќерка е „неодоливо бебе, толку мило“.

- Кога ќе ја погледнам, сѐ друго исчезнува. Голема радост и олеснување е да се биде покрај неа – изјави Де Ниро.


Во времето кога стана татко, и неговиот колега Ал Пачино доби бебе на 84 години, па медиумите ширум светот со денови се прашуваа дали е себично да се стане родител на толку доцна возраст, а Де Ниро, очигледно, планирал татковство.

Откако откри дека актерот повторно станува татко, на прашањето дали бебето е планирано, тој збунето праша:

- Како може да не планираш такво нешто?


Извор: glossy.rs