Животна училница // Холивудска прашина
Сите се прашуваме дали воопшто ќе остари: Бомба-Џенифер Лопез на 55 години во костим за капење ги воодушеви фановите
Џенифер Лопез вчера наполни 55 години
Пејачката и актерка со години важи за една од најсексапилните жени на светот, а со својата најнова фотографија покажа зошто се уште ја носи таа титула.
Таа на Инстаграм објави фотографија во бел костим за капење и покажа дека и во шестата деценија изгледа како вистинска бомба.
„Ова сум јас... сега(This Is Me…Now)“, се вели во описот на фотографиjата, која алудира на нејзиниот овогодишен албум со исто име, како и на познатиот од 2002 година „Ова сум јас... тогаш (This is me...then)“, а честитки и пофалби за нејзиниот изглед се редеа во коментари.
За само десет часа по објавувањето на фотографијата, латино дивата доби повеќе од 1.180.000 лајкови!
Фото: Инстаграм