Џеј Ло блесна на роденденот: Дали Бен Афлек присуствуваше на прославата?

Добивај вести на Viber

Дивата го прослави својот 55-ти роденден

Џенифер Лопез го прослави својот 55-ти роденден опкружена со пријатели и семејство во луксузното одморалиште Бриџхемптон. Дивата на дневната прослава носеше шармантен, романтичен бел летен комбинезон со цветен дезен, а дијамантската огрлица во форма на цвет направи оваа облека да изгледа малку погламурозно, соодветна за пригодата што се слави.

Џенифер во нејзин стил носеше вртоглаво високи сандали со платформа во вистинската освежителна циклама нијанса, исто така проткаени со цветен дезен.


Таа на сите фотографии е насмеана, што не беше случај во последните два месеци, без разлика што роденденот го прослави без сопругот Бен Афлек. 

Одредени извори наведуваат дека парот повеќе од една година живее одвоени животи, а Џенифер по секоја цена се обидува да ја зачува заедницата.

Некои извештаи, исто така, сугерираат дека најстарата ќерка на Бен, Виолет, е многу приврзана за Џенифер, што му дава на овој развод уште една пречка за финализирање.

- Џеј Ло сака да биде тука за децата на Бен. Таа го променила својот живот и им го потчинила на своите деца. На децата на Бен навистина им се допаѓа Џеј Ло и сакаа да го гледаат својот татко среќен, рече изворот, цитиран од Hindustantimes.


Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм