„Кажи шифра“- Татјана Стојановска: "Тие со камења по мене, јас по нив со леб"
Како што веќе најавивиме, реномираниот портал Женски магазин, овозможено од Фактор.мк воведува уште една новина во своето работење, со која се обидуваме уште повеќе да се доближиме до Вас и до Вашите потреби, а секако, и да ги следиме модерните трендови во новинарството и во медиумското работење.
Имено, стартувајќи од денес, преку нашиот портал ќе можете да ги следите новите епизоди од серијалот подкасти со наслов „Кажи шифра“, одбран токму во духот на определба на нашиот медиум, односно доминантно животни теми, шоу бизнис, мода и забава. „Декодирање на нивните животни шифри“
Прва гостинка е тв. презентерката Татјана Стојановска (Китановска), една од најубавите жени кај нас, крунисана и со титула, дама со префинети манири и пример за водење на вести.
Тања ќе ја видите во малку поинаква улога, а раскажува за многу нешта кои никогаш не ги кажала во јавноста. За работата, семејството, љубовта, козметичките третмани, животните поуки, вербата во некои нешта и влијанието на социјалните медиуми.
Ја сметаат за дама со префинит стил, луѓето ја сакаат токму поради нејзината одмереност, умереност и софистицирани манири. Споредбата со Моника Белучи е евидентна, Стојановска има 50 години и изгледа одлично, вели дека никогаш не е доцна за некои нешта и дека е среќна со сето она што го има денес...
Ова е првата епизода од подкастот „Кажи шифра“, а ние успеавме да ја декодираме животната шифра на Татјана:
Почитувани читатели и гледачи, еве ја премиерно првата епизода.
Водител на подкастот е Небојша Толески, актуелниот уредник на “Женски магазин“.
Уживајте: