Таткото на Лиам Пејн чека во Аргентина да му биде предадено телото на синот: Еве зошто се одложува погребот на пејачот и што е пресудно за истрагата
Се чекаат конечните резултати од токсиколошката анализа откако вчера беше објавен прелиминарниот извештај за случајот со пејачот Лијам Пејн, кој почина на 16 октомври во Буенос Аирес откако падна од терасата на третиот кат на тамошниот хотел. Што друго ќе се открие додека неговиот татко Џеф Пејн го чека телото на неговиот син да му биде предадено. Се очекува музичката ѕвезда да биде погребана следниот месец во Британија.
Претставник од канцеларијата на државниот обвинител се сретна со Џеф Пејн за да го информира за истрагата за смртта на неговиот син. Лиам Пејн користел повеќе лекови пред неговиот фатален пад.
Андрес Естебан Мадреа му рекол на таткото на Лиам Пејн дека токсиколошките и хистопатолошките тестови се уште не се завршени и дека треба да ги почекаат тие резултати пред да го предадат телото на пејачот на семејството, пишува Sky news.
Во прелиминарните резултати од токсиколошката анализа во случајот со Лиам Пејн, откриено е дека пејачот консумирал розов кокаин.
Доставен е прелиминарен извештај до локалните обвинители, во очекување на резултатите за тоа колку дрога имало во неговата крв кога починал. Конечните резултати се очекува да бидат објавени дури за неколку недели од сега. Таткото на пејачот изјавил дека тоа би можело да потрае и до 10 дена.
Аргентинските инспектори пронајдоа нешто што изгледаше како наркотици и алкохол расфрлани по скршени предмети и мебел во хотелската соба на Пејн, што ги наведе обвинителите да веруваат дека тој претрпел слом предизвикан од злоупотреба на супстанции во моментот на несреќата.
Обвинителството соопшти дека Лијам Пејн бил во полусвесна или онесвестена состојба кога паднал од балконот во дворот на хотелот, поради што се здобил со тешки фатални повреди, покажала обдукцијата.
Полицијата истражува двајца мажи, хотелски работници, кои му доставувале дрога на Лиам Пејн. Се истражуваат сите околности кои и претходеле на трагедијата, под истрага се лицата кои последен пат го виделе пејачот жив, меѓу кои и две проститутки кои ја поминале ноќта со него пред трагичниот настан.
Извор: Zena.blic.rs