Берлин ми е посебно значаен бидејќи таму маж ми ме побара за жена: Модно инспиративната Анастазија Бранчела за Женски магазин
По убаво стокмена дама се вртат сите машки и женски погледи кои ќе се најдат наоколу, па така е денес дури и кога скроламе на социјалните мрежи, особено на Инстаграм. На таа социјална мрежа можат да се видат прекрасни жени, скоцкани од глава до пети, такви кои знаат да ги искомбинираат модните парчиња и да го извадат најдоброто од нив, па така, наидовме на профилот на Анастазија Бранчела.
Оваа млада мајка на две дечиња (Ведран и Срна), сопруга и успешна дама има шаренолик и интересно примамлив профил на Инстаграм кој веднаш освојува со нејзините стилски комбинации, усогласувањето на боите, материјалите, но и на моделите... изгледа трендсетерски и ултра модерно, а за нејзиниот избор на облека вели: „Секогаш се облекувам сама. Не само што сама се облекувам, туку многу пријателки и роднини за значајни настани често знаат да ме консултираат околу изборот за облека. Секогаш се стремам да бидам креативна во моето облекување и да направам комбинации кои го одразуваат мојот личен стил“.
А за да може да се долови изгледот е потребно и да знаете да фотографирате добро, да имате „изострено око“. Анастазија низ насмевка откри дека нејзин личен фотограф е нејзиниот сопруг.
* Од каде најчесто ги купувате модните парчиња кои ги носите?
- Секаде каде што патувам задолжително си купувам по неколку парчиња кои знам дека нема да ги има кај нас. Поголемиот дел од гардеробата си ја купувам со Скопје или Солун.
* Мора да се бренд или не?
- Купувам од секаде каде што ми се допаѓа некое парче, без разлика која е продавницата, само да е специфично и да биде "totaly me".
Покрај фотографиите од прекрасни модни изданија кај Николовска прошаруваат и слики од земјите кои ги посетила, туристичките места кои ѝ го освоилте срцето, но и од градови во кои како што искрено рече не би се вратила повторно.
- Сум била на многу места. Италија, Шпанија, Франција, Данска, Германија, Швајцарија, Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Египет, Турција, Белгија, Хрватска и нормално Грција и Србија. Секое патување има посебен шмек, и убаво е кога гледате различни култури. Патувањето е различно, во зависност од тоа со кого патувате. Се заљубив во Малага, повторно би се вратила на Сицилија, и Берлин ми е посебно значаен бидејќи таму маж ми ме побара за жена. Не би се вратила во Братислава и Брисел.
Инаку Анастазија изработува и шешири и друг вид на аксесоари кои се уникатни и различни од модните додатоци кои може да се најдат во продавниците. А на Инстаграм е потпишана под севдонимот Бранчела (Branchella), па за тоа низ насмевка открива: „Искрено, маж ми е потпишан Бранчела на Инстаграм, и кога почнав да изработувам шешири и модни аксесоари некако тоа име ми личеше нај звучно за брендот, и му го "украдов". Branchella работи скоро 8 години, а нас сите што не познаваат и не викаат Branchella family“.
*Зима или лето? И зошто?
- Летото ми е омилено. Топлите денови, можноста за патувања и носење на колоритни облеки ме исполнува со радост. Уживам во сончевите зраци и моментите поминати на плажа.
*Неостварена желба? *Каде се гледате за 10 години отсега?
- Се' ми оди како што сакам, нека продолжи така (се смее).
Н. Миланова