„По дијагнозата рак, само едно знаев сигурно“: Сопругата на актерот Тони Михајловски искрено и емотивно до срж

Добивај вести на Viber

Александра Јорева Михајловски е силна жена. Жена борец, пред која сите треба да симнуваме капа. 

Пред 5 години таа се бореше со злокобниот канцер, а сега се потсети на тие тешки мигови и сподели емотивна но искрена до срж објава:

Таа сподели дека добро поминала на прегледите, а во објавата се осврна на целиот пат кој го изодела во последните 5 години.

5 години од дијагноза канцер.
5 години поминати со нов животен предизвик.
5 години со искачени мноогу скали испешачени многу километри.
5 години во грч и паника на секои 6 месеци.

5 години адаптација на новиот живот, учење да се прифатиш себеси таков каков што си моментално, затоа што секој саат носи нова промена, секој ден си нова верзија од себе. Некогаш успешно некогаш не. Некогаш успевав да се сакам себеси, некогаш не. Некогаш се гледав во огледало, некогаш не.

Само едно знаев сигурно, а тоа е дека морам да сум силна заради себе, а уште повеќе за тоа мало детуле од 8 годинки за кое мислев дека ќе успеам да ја ублажам информацијата што е тоа што се случува со мама, но се излажав нормално - сè му беше јасно.

Во овој период доаѓаа и си одеа луѓе, влези излези, и тоа е супер, сам дошол сам си оди, но едно е сигурно вистинските се секогаш тука. Многу или малце не е битно, важно е дека се и тие силни, затоа и се тука присутни.

Во периодов заедно со мене и на секој повик и прашање добивав одговори од мојот Митко Ивановски, докториште, човек без кој ни очи не сакав да затворам во сала без да го видам пред мене.

Дева Петрова - смирувачкиот глас во хаосот, Милан Ристески кој кога ќе почне да ти објаснува ќе те тресне од земја за на крај да се издишеш со позитивна насмевка на лицето...

Билјана Огненоска жена која 24/7 е достапна за сè ама буквално за сè (контроли, испитувања, објаснувања), лик којшто знае како треба со онколошки пациенти. Биле треба да те клонираме.

Наташа Чокревска ангел.
Тања и Кико од центарот за ревитализација.

Е, сега, доста е за медицинскиве лица, да се префрлам на нас.
Ана, Марија, Бети, Вики, Билјана, Тања, Љупка, Маја, Јасмината моја, Стефи, Лиса и сигурно некој заборавам во моментов на измешани емоции, битно нè има - фино племенце сме..

Со верба во бога и мојот отец Михаил Таневски, единствениот од кого учам како се гази по скалите на животот полн со предизвици.
Семејството, љубовта и жртвата, а и силата на Тони и Максим..

Бато Алек за присутноста каде и да треба по светов, Ангела фала што ни го пушти да биде со нас, наместо со вас во еден период од растењето на Матео.

И на крај, едно најголемо благодарам за себе!“ - напиша Александра на Инстаграм.



Силна жено. Остани силна и понатаму.