Еве како и успева да е толку згодна: Водителката со рекреативнотно планинарење освои нов македонски врв

Добивај вести на Viber

Македонската водителка Ирена Спировска неколку години активно е посветена на рекреативното планинарење.

Празничната среда водителката ја искористи за освојување на нов врв.

Со неколку ентузијасти помеѓу кои и Спировска го искачија планинскиот врв Плат на Шар Планина, висок 2.398 метри.

Врвот Плат е највисоката точка на истоимениот гребен кој се протега во правец североисток - југозапад и стрмно се издигнува над долините на реката Пена на север, Церипашина или Чаркова на исток и Лешничка на југ.

„На планините на вистината никогаш не се искачувате залудно. Или ќе достигнете повисока точка денес или ќе ги тренирате вашите моќи за да можете да се искачите повисоко утре“, кажал Фридрих Ниче.

Не е тајна дека водителката е заљубена во природата и планините, па и на тој начин одржува фит форма која е на завидно ниво.

Фото: Инстаграм
РЖМ