Холивуската ѕвезда Џони Деп гради луксузна куќа во Србија на атрактивна локација: Еве кој ќе му биде прв сосед
Актерот Џони Деп имаше можност да ја посети Србија поради бројните деловни соработки, а сега изгледа дека тоа не е единствената причина поради која е во посета во соседството.
Според тамошните медиуми, актерот решил да изгради куќа на Космај.
Според информациите, тој во неколку наврати тајно доаѓал во Србија. Купил плац во Рогача, а за овој проект ангажирал луѓе и им давал детални упатства како сака да изгледа куќата.
Прокетот треба да биде завршен во 2025 година:
- Изградбата на куќата на оваа парцела ќе започне следната година. Требаше веќе да биде завршена, но предолго траеше. Дури сега, кога Деп дојде еден или два или три пати со целата придружба, внимателно ги разгледа проектите и ги даде сите инструкции, работата може да почне. Не видов ништо во весниците тогаш кога се спомнуваше дека е во Србија, па сигурно бил во тајност. Со него веројатно имало десет луѓе и неколку „горили“. Се шеташе по плацот горе-долу, покажувајќи нешто со рацете. Како што можете да видите, нашиот Новак Ѓоковиќ речиси сигурно ќе му биде прв сосед. Овие актери знаат каде е добро, каков Холивуд. Ова е рај на земјата - изјавил соговорникот за Курир, а потоа додал:
-Како што слушнав, таа куќа нема да биде толку голема како на Новак, но ќе биде уредена светски. Ќе има и соларни панели, базен, неколку помошни простории, се нешто... Се шушка дека ќе ангажираат луѓе кои ќе живеат таму цела година и ќе се грижат за имотот и куќата. Неговиот план е да сади органско овошје и зеленчук. Ќе биде одлично кога ќе биде готово. Претпоставувам дека ќе не поканат кога ќе се вселат – завршил со насмевка соговорникот.
Фото: ИнстаграмИзвор: Vesti-online.com