„Треба да бидам баба, а не да му раѓам деца“: Вака славната актерка се прости од екс сопругот, најде дечко, па сега пак е сингл

Добивај вести на Viber

Познатата актерка со месеци беше во врска со хирургот Џастин Салим, што беше нејзина прва романса по разводот. Но, сега како гром од ведро небо, дојде веста дека повторно е сингл.

На прашањето дали верува дека Њујорк е најдоброто место за романса, Софија Вергара изјави за Us Weekly: „Апсолутно. Всушност, вчера зборував за тоа бидејќи сега сум сингл, всушност сум некако сингл“.

View this post on Instagram

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)



Нејзината врска со докторот не ни заживеа, но Софија продолжи, се чини, иако пред само пет дена беше со Саливан во ресторан во Лос Анџелес. Актерката минатата година се разведе од Џо Манганиело, со кој беше во брак седум години. Долго време се шпекулира што би можело да биде причината за разводот. Софија Вергара зборуваше за тоа за Ел Паис пред неколку месеци.

Таа рече дека се развела од Џо Манганиело бидејќи тие имаат различни ставови за родителството. !Мојот брак се распадна бидејќи мојот поранешен сопруг е помлад, тој сакаше да има деца, а јас не сакав да бидам „стара мајка“. Чувствувам дека тоа нема да е фер кон бебето“, изјавила Софија Вергара, чиј поранешен партнер има 47 години.

View this post on Instagram

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)



Ѕвездата на „Гризелд“ рече дека ги почитува жените кои одлучуваат да имаат деца подоцна во животот, но додаде дека тоа не е за неа. „Имав син на 19 години, кој сега има 32 години и подготвена сум да бидам баба, а не мајка.

Вергара додаде дека приоритет и понатаму ќе и биде нејзиниот живот, дури и ако стане баба. „Кога син ми ќе стане татко нека ми го донесе детето некое време, па јас ќе му вратам и ќе си продолжам со животот, тоа треба да правам“, изјави Софија Вергара, чиј поранешен сопруг е во врска со 13 години помлада жена.

View this post on Instagram

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)



Како што изјавила, доколку во иднина најде љубов, нејзиниот партнер треба да има свои деца. „Наскоро ќе бидам во менопауза, тоа е природен тек на работите“, рече таа.

Софија Вергара го доби синот Маноло со поранешниот сопруг Џо Гонзалес. Првиот брак на актерката траеше кратко, од 1991 до 1993 година.