Гоце Тодоровски и Тања слават 50 години брак: Како еден за друг речиси целиот живот го потрошија заедно
Во домот на актерската легенда Гоце Тодоровски денеска има голем повод за слава.
50 години од бракот, слави Гоце заедно со сопругата Тања кои како еден за друг речиси целиот живот го потрошија заедно, а од нивната љубов се изродија синот Гоце и ќерката Сашенка.
Гоце и Тања Тодоровски и во добро и во зло и во се она што им го приредил животот, денес заокружија 50 години во брак!
Токму на овој голем ден се родил и нивниот син Гоце џуниор!
Доволно добри поводи за семејството Тодоровски да го одбележи овој ден со идилична фамилијарна седенка!
Фотографиите до Фејсбук групата Бардовите на македонското глумиште , ги испратила
Сашенка.
Но, покрај овој голем јубилеј Гоце и Тања го слават и роденденот на нивниот син Гоце џуниор!
Да наздравувате уште многу години вака сплотени.