Нереално, како оние што ги носат грчките божици: Принцезата Шарлин во издание за кое дури и Холивуд ќе ѝ се поклони

фото: / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Сите очи беа вперени во најтажната принцеза која блескаше во прекрасен бел фустан кој го украси со дијамантски обетки

Кралското семејство на Монако присуствуваше на 75-тиот бал на Црвениот крст во Монако.

Убавата Шарлин како и многупати досега успеа да ги воодушеви сите присутни со својот совршен стајлинг, а овој пат изборот падна на еден од најпознатите модни брендови во светот - Луј Витон.

Облечена во овој бренд од глава до пети, таа со сопругот принцот Алберт Втори излезе на црвениот тепих во бел фустан кој беше скроен по нејзини мерки, така што одлично ја покажа нејзината совршена фигура.

Како божица од грчки филм, Шарлин ви го одзема здивот додека со одмерен и елегантен чекор чекореше покрај сопругот. Едноставниот, бел фустан на прв поглед беше нешто што досега многупати е видено, но деталите како златниот појас на половината и прекрасните дијамантски обетки го направија да изгледа - совршено.

фото: / SplashNews.com / Splash / Profimedia


Убавата 46-годишна дама носеше и чанта Луј Витон Бижу во златна боја со леопард дизајн, која одлично се совпаѓаше со нејзините обетки од жолт дијамант „Графф“.

Принцезата Шарлин уште еднаш остана доследна на својата препознатлива фризура. Својата кратка руса коса ја извтика во светли бранови и сето тоа го комплетираше со беспрекорна, незабележлива шминка, која само ја истакна нејзината природна убавина.

Ефектот на елеганција го добила носејќи светло црвен кармин на усните.

Принцот Алберт Втори (66) одлично изгледаше со сопругата, појавувајќи се во бела кошула, крем јакна, црни панталони и светло црвена вратоврска.

Ова не е прв пат да ја видиме принцезата Шарлин во одлични изданија на познати светски брендови. 

Извор: глоси.рс