Се шпекулира дека се разведуваат: Џеј Ло и Бен фотографирани заедно, еве што се случува со славниот пар

Добивај вести на Viber


Џенифер Лопез и Бен Афлек иако се наводно се пред развод, одлучија да дадат уште една шанса на љубовта. Парот, кој е брак во 2022 година, долго време не се појавуваше во јавноста а низ социјалните мрежи кружеа многу видеа на кои се гледа дека не е сè во добри односи.

Џенифер Лопез и Бен Афлек се појавиле заедно во јавност после 47 дена, во Лос Анџелес додека присуствувале на настан за поддршка на нивните деца.

Извор вели дека двајцата биле видени како ги носат своите бурми додека го напуштале настанот. Фотографиите од 16 мај покажуваат како Афлек доаѓа по Лопез и нејзината ќерка Ема (16) по настанот, пишува „People“.

Инаку Џеј Ло неодамна на социјалните мрежи говореше за нездравите врски. Експерт за љубовни односи на своето инстаграм стори на 16 мај споделила дека пејачката лајкувала објава од 19 март на нејзиниот профил во која се наведени цртите на личностите кои не се добри за романтични односи.

Истата таа експертка подоцна објавила видео во кое ги замолила своите следбеници: „Ве молам бидете љубезни кон Џенифер Лопез бидејќи таа е човечко суштество. Не знам дали ќе се разведе. Се надевам дека не, но да, ве молам“.

Да потсетиме, Џенифер Лопез зад себе има три брака, со Марк Ентони со кои ги има близнаците Ема и Макс. Афлек има три деца од бракот со Џенифер Гарнер.