Александар Вучиќ победи на изборите: Жали што не ја наследил убавината од мајка си, а вака изгледал како дете

Извршниот директор на Центарот за слободни избори и демократија (ЦеСид), Бојан Клачар, денеска изјави дека исходот од претседателските избори во Србија е горе-долу ист како што предвидуваа истражувачите и дека е јасно дека претседателскиот кандидат Александар Вучиќ ќе победи во првиот круг и дека ќе биде блиску до 60 проценти.

Вучиќ во првата рунда со леснотија ја освои цела Србија, а битката во Белград е многу понеизвесна, пишуваат српските медиуми.

СНС на Вучиќ и СПС на Дачиќ заедно во моментов имаат благо мнозинство со вкупно 56 пратенички места од 110 во Градското собрание.

Имено, неодамна Претседателот на Србија, Александар Вучиќ беше гостин во емисијата на Огњен Амиџиќ, а во текот на истата гледачите имаа можност да видат неколку негови фотографии од детството.

Водителот Огњен Амиџиќ сакаше со претседателот да ги искоментира фотографиите.

„Ова лево, со трегер панталоните е мојот брат. Тој секогаш повеќе личеше на татко ми“ - кажа Вучиќ.


„Мајка ми не беше строга. Татко ми беше. За жал, никој не ја наследи таа убавина од мајка ми...“ - кажа Александар.


„Брат ми и јас секогаш носевме исти, слични работи. Тој во една боја, јас во друга“ - додаде претседателот на Србија.


фото: Принтскрин / Јутјуб