Андреа се извини

Ми побараа фотографирање и без македонското знаме, а делегацијата беше далеку, кажа Андреа Коевска во обраќањето по скандалот кој се случи во неделата вечерта.

Јавноста жестоко ја осуди македонската претставничка на Евросонг 2022 откако Андреа за време на фотографирањето во Торино го фрли македонското знаме.


„Во момент каде што ме снимаше камерата и каде што ме фотографираа, побараа да го нема македонското знаме. Делегацијата беше навистина далеку од мене и јас одлучив во момент да го фрлам знамето. Не беше од омраза, затоа што јас сум горда да доаѓам оттаму и затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова“, изјави Коевска.

Таа , меѓудругото посочи и дека немала намера никој да навреди или повреди.

„Не ми беше намера да навредам некој, ако го направив тоа, се извинувам. Го носам знамето со мене секаде каде што одам и се надевам дека навистина можеме да поминеме со ова“, додаде таа.