Атиџе и јас сме добри и безбедни: Турунџиева се огласи од Истанбул по несреќата, откако многумина ги контактирале загрижени

Македонија денес е обвиена во црно по страшната несреќа која не' разбуди утрово.
45 луѓе загинаа и седум се повредени во автобуска несреќа на автопатот Струма во Бугарија.

Бидејќи уште со првичните информации се дозна дека автобусот доаѓал од Истанбул, за многумина првата помисла е дали во истиот е некој кој го знаат, а кој бил во Турција, а бидејќи деновиве Атиџе и Сузана Турунџиева редовно поставуваа фотки од таму, многу луѓе ги исконтактирале загрижено. Како што Сузана вели, телефонот ѝ ѕвонел и пораки ѝ пристигале на секои две, три секунди, но за среќа, таа и Атиџе не биле во тој автобус. Двете се добри и на безбедно.

„Тажно, многу тажно утро...
Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни, ВИ БЛАГОДАРИМЕ за грижата.

Многу не потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски  државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите. Бог да им дава сила да ги издржат овие тешки денови“ - напиша Турунџиева и изрази сочувство до фамилиите на починатите.