Авторката на „Како да го убиеш својот сопруг“, си го убила сопругот: Обелоденета морничава семејна приказна во САД

Ненси Крамптон Брофи (71), авторка на романот „Како да го убиеш својот сопруг“, во понеделникот е осудена на доживотен затвор поради убиството на нејзиниот сопруг.

Ненси - писателка и авторка на романот „Како да го убиеш својот сопруг“, беше обвинета и осудена за убиство од втор степен по седумнеделниот судски процес за убиството на нејзиниот сопруг Даниел Брофин (63). Судија во Портланд, Орегон, рече дека Ненси ќе се квалификува за условно ослободување откако ќе одлежи 25 години.

фото:MULTNOMAH COUNTY SHERIFF'S OFFICE

„Ти си чудовиште и се срамам да им признаам на моите деца дека луѓе како тебе шетаат меѓу нас“, рекол Натаниел Стилвотер, обраќајќи ѝ се на Ненси, неговата маќеа. Натаниел е син на убиениот Даниел од претходната врска.

Кларинда Перез е студентка која го пронашла мртвиот Даниел на подот во кујната во Кулинарскиот институт во Орегон. Тој имаше две дупки од куршуми во пределот на градниот кош во близина на срцето. 

фото:DANIEL BROPHY/LINKEDIN

За време на судењето, кое започна во април, Андреа Џејкобс од ќелијата на Ненси,  сведочеше дека Ненси детално ѝ кажала за кобниот 2 јуни 2018 година, денот кога Ненси го убила својот сопруг. Полициската истрага утврдила дека Ненси првиот пат го застрелала Даниел одзади, а вториот пат го застрелала додека тој лежел на подот. 

Истрагата утврдила дека Ненси го извршила тоа убиство бидејќи се соочувала со финансиски проблеми поради хипотекарниот долг и затоа што на Даниел му требало осигурување од околу 1,5 милиони долари. Адвокатите кои ја бранеа Ненси тврдеа дека таа го купила пиштолот за истражување поради нејзиниот роман  „Како да го убиеш својот сопруг“ и инсистираа на тоа дека бескрајно го сака својот сопруг. Тие изјавија дека целиот случај е фарса, сакајќи да ги побијат „контрадикторните тврдења“ на Андреа Џејкобс, која пред судот раскажа што ѝ кажала Ненси во ќелијата.

Осудената Ненси се појави на суд на крајот од судењето.
„Бевме најдобри додека бевме заедно, ми недостига", рекла Ненси.

Вчера, за време на изрекувањето на пресудата и нејзината казна, Ненси не покажала никакви видливи емоции.


Дел од „How to murder your husband“:

извор:mondo