Баба им купи 4 пара пижами на 5 внуци, и предизвика гнев кај луѓето: „Злобна си и сурова“

Навреди не доби само бабата, туку и родителите кои го дозволија тоа

Жена од Англија, чие име е непознато за медиумите, објавила фотографија од нејзините внуци како седат под новогодишната елка во пижами кои таа им ги купила.

Сепак, навидум обичната фотографија стана предмет на осуда на Интернет. Имено, ако подобро ја погледнете фотографијата, ќе забележите дека едно дете не носи пижами како другите деца.

- Некои луѓе немаат срца. Мојот пријател е оженет, а неговата мајка им купила новогодишни пижами на сите внуци, освен на девојчето кое не е биолошко дете на нејзиниот син - пишува во описот на фотографијата.

Стотици коментираа за постапката на бабата.

- Како човек има срце да се однесува со детето поинаку од другите? Ова е злобно, сурово и неприфатливо – напиша еден човек, а друг додаде:

- Оваа постапка може да ја направи само човек кој е премногу лош, злобен до срж. Ако не сакала да троши пари за пижами за девојчето, можела да му каже на синот да ѝ купи.

Но, не само бабата доби салво на навреди, туку и родителите бидејќи го дозволиле тоа.

- Каде се тука родителите да ѝ кажат на бабата дека не е убаво тоа? Дозволиле четири деца да носат пижами, а таа да седи како натрапник - напиша една жена, а друга напиша дека никој не треба така да се однесува со дете.


Фото: Фејсбук - Brierley Hill and local