Бара 60 евра за валкани патики, 130 евра за износени потпетици: Инфлуенсерката Зорана мета на критики

Зорана Јовановиќ, една од најпопуларните инфлуенсерки во Србија има многу извори на приход, а еден од нив е продажба на облека и обувки што повеќе не планира да ги носи.

И нема да има ништо спорно во тоа ако Зорана не продава работи кои се уништени, бидејќи честопати се случува да нуди валкани алишта и обувки - се согласуваат луѓето на социјалните мрежи. 

Како и да е, во неколку наврати, Зорана ги покажуваше своите работи за продажба и во видеа, а социјалните мрежи експлодираа, па така беше и овој пат.

Луѓето се прашуваат што е со нејзините чевли, но и зошто сè е толку скапо.

- Бара 60 евра за валкани патики, а 130 за износени високи потпетици - луѓето се згрозени.

Луѓето ја советуваат да се грижи добро следниот пат што поставува за продажба, или барем пред да ги објави, да ги доведе работите во ред, да ги исчисти.

извор:zena.blic.rs

-(ФОТО) Фудбалерот Бобан Николов во врска со најпознатата српска инфлуенсерка Зоранах

-Гледаат како опишува вбризгување на 600 кубика во градите: Што ќе биде со девојчињата кои ја слушаат Зорана, прашува Јована Кежански