Бел мебел, златни и бохо детали од 20.000 евра : Ѕирнете во луксузниот дом на Наташа Беквалац (ФОТО)

Еве како изгледа станот на Наташа Беквалац кој деновиве го реновира ...

Наташа Беквалац во неколку наврати потенцираше дека ѝ е важно станот во кој живее да биде навистина нејзина оаза на мирот кога ќе се врати од напорните настапи. На Инстаграм неколку пати со задоволство споделуваше детали од својот дом, а во текот на сите овие години неколку пати го менуваше живеалиштето.

Сепак, без разлика каде живеела, таа секогаш се трудела просторот да зрачи топлина и елеганција. Беквалац пред три години се пресели од Нови Сад во Белград, каде со ќерките ужива во својот дом на Дедиње.

View this post on Instagram

A post shared by (@bekvalceva)


Таа лани го реновираше луксузниот имот, а како што пишува, за него издвоила дури 20.000 евра, за да изгледа сè онака како што таа замислила.

И навистина, доволно е да се погледнат поновите фотографии и да биде јасно дека секој елемент е внимателно одбран, но и дека пејачката сака бохо шик стил, за што сведочат деталите од природни материјали, ткаени килими, сушено цвеќе, украсите на ѕидовите од макраме и слично.

View this post on Instagram

A post shared by  (@bekvalceva)


Дневната соба е опремена во светли нијанси и преовладува белата боја. Пред големиот телевизор е поставен голем сив тросед, а во средината на собата има голема маса од масивно дрво.

Таа неодамна ја опреми спалната соба со нов сив кревет кој одлично се вклопува со мермерната ноќна маса.

View this post on Instagram

A post shared by  (@bekvalceva)


И во бањата преовладуваат белите нијанси, а украсена е со италијански плочки и позлатени чешми.

Наташа еднаш зборуваше за уредувањето на станот.

- Решивме сами да создадеме бајка. Се почестивме со нов мебел за 8-ми март – изјави неодамна таа, а повеќе детали од нејзиниот фантастичен дом погледнете во галеријата подолу:


Извор: wanted.mondo.rs

Фото: Instagram