Беше модна икона во 70-тите, жена која сите ја сакаа, а денес е банкрот: „Ја истрошив заштедата за време на пандемијата, ќе работам како касиерка во супермаркет“

Секоја деценија има свои супермодели и модни икони, а во 70-тите тие беа, меѓу другите, Мари Хелвин, Џери Хол, Џенис Дикинсон и Пет Кливленд. Доколку ве интересира како било да се биде ѕвезда во тоа време, најдобро е да ја погледнете Мари Хелвин, која со манекенство се занимавала и на 62 години.

Мари беше една од првите супермодели и отворено зборуваше за средбите со познати мажи. Меѓутоа, Мари Хелвин (69) сега признава дека е „шворц“, и размислува да бара работа како касиерка во супермаркет.

„Јас сум потполно независна и не знам што ќе правам бидејќи поголемиот дел од заштедата ја потрошив за време на пандемијата на корона вирусот и сериозно размислувам да се вратам дома“, рече 69-годишната Мари, која пораснала на Хаваи.


Познатата убавица сега живее во Лондон, но смета дека годините не се фактор за одлучување кој ќе се вработи во САД.

„Помалку е стигмата за возраста што влијае на тоа кој ќе се вработи. Во Америка може да се вработиш во супермаркет ако имаш 80 години. Вака ќе ви го објаснам ова, овде не би се пријавила за работа во супермаркет на Whole Foods, но дома на Хаваи, ако требаше, ќе одев таму и ќе се вработев“, рекла Мари, пренесува Daily Mail.

Кога се разведе од фотографот Дејвид Бали во 1985 година, Мари излезе од бракот за 100.000 фунти побогата. Бидејќи оттогаш е сингл, таа признава дека добро би и дошло некаква финансиска поддршка.


„Би било убаво да имам помош додека стареам, да можам да ги поделам трошоците за стареењето со некого“, рече таа.

По разводот, таа уживаше во четиригодишна врска со Марк Шанд, кој почина во 2014 година по несреќа. А Мари се обвинува себеси за падот на нивната романса.

„Марк беше најслатката, најљубезната и најпрекрасната личност. Бев толку глупава и будалеста што не го сфатив тоа на време“, рекла таа еднаш.

Таа исто така за прв пат призна дека нејзиниот изглед не е сосема природен.


„Одам на ботокс третмани двапати годишно, само колку да не изгледам тажно“, рече таа и додаде:

„Пластичната хирургија е прашање на избор. Нема да кажам дека не сум направила ништо, нема да кажам ниту дека сум направила. Многу сум искрена, но мислам дека кога ќе почнете да зборувате за такви работи, тоа те дефинира. Мајка ми никогаш не правела ништо, но кога на 85-годишна возраст ѝ дијагностицираа тумор на мозокот, ми рече:

„Има само едно нешто за кое жалам што не го направив, а тоа е фејслифтинг“.

„Таа дури и ме замоли во болница да и ги донесам вештачките трепки. Порано мислев дека ќе почекам да наполнам 70 години, бидејќи тогаш нема да ми биде гајле, но, секако, и сега се грижам за тоа како изгледам“, изјавила поранешниот модел.


Мари главно одела на ботокс, а имала „само три или четири третмани на лице во животот“ затоа што ги „мрази“.

Таа проговори и за својот љубовен живот и додаде дека се‘ уште се надева дека ќе најде љубов. „Ако имам среќа да запознаам некого, се надевам дека тоа е некој кој е постар и разведен или вдовец. Мислам, не сакам да излегувам со некое дете“, рече Мари.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Профимедиа