Ана Бунтеска: Можеби ќе можеме...не дека не
Можам да ти ги
напишам
најубавите стихови
Од кои душата ќе
ти затрепери
И срцето ќе ти
прескокнува
Та ќе ти иде да ме
зграпчиш
И да ги споиш
денот и ноќта
Меѓу два изгужвани чаршафи
И неколку голтки
бело вино
Можам да ти
напишам песна
Од која кожата
наморничена ќе ти
е
А во умот мојот лик
ќе ти шета
Та ќе ти се чини
оти околу тебе сум
И дека со прстиве
низ грбот ти шарам
Цртајќи
бесконечни
кругови како
лавиринт
Во кој ќе се
изгубиме без
излезот да го
бараме
Можам со часови
да ти пишувам
Во секој збор по
една воздишка да
ставам
И грст бакнежи
наместо запирки и
точки
Та во едно писмо
сета љубов да ја
зберам
И со омилениот
парфем да го
испрскам
За на мене да ти
мириса
Во ноќите во кои ќе
почнеш да ме
забораваш
Можам...не дека не
И не дека ми
здодеало вака да те
задевам
Ете
Можам со години
да наоѓам нови
песни
Нови начини на
кои со тебе ќе
зборувам
Без ниту еден збор
да изустам
Без в лице еден
со друг да се гледаме
А пак да знаеме
дека се’ уште се
љубиме
Можам...можев
Ама пусто умор ме
фати
Оти некојпат
пишувалото ко
карпа тежи
А буквите ко одрон
се
Од кој никогаш не
научив да избегам
Или барем да се
затскријам
Та си реков да
одморам троа
На себе малку да си
дојдам
Оти ниту
хартијата веќе не крепи
Зборови кои
останале само
копнеж
И можеби кога
еден ден
Мислата за тебе ќе
ми секне
И кога нема да има
повеќе што да ти
кажам
Можеби токму тој
ден
Конечно еден пред
друг ќе застанеме
Па што биде нека
биде
Ако така требало да
се случи
Можеби тогаш
ќе имаш храброст
А и јас сила
можеби ќе зберам
Да ставиме точка
на молкот меѓу нас
И да си кажеме оти
си недостасуваме
Оти се
љубиме...силно се љубиме
Можеби ќе
можеме...не дека не
За Женски магазин, поетесата Ана Бунтеска