Беше најзгоден во „Чувари на плажата“: Денес има 69 години, оженет е со 30 години помлада сопруга и изгледа вака

Поминаа 20 години откако актерот Дејвид Хаселхоф стана омилен кај женската публика поради неговата улога во хит серијата „Чувари на плажата“. Лудуваа жените ширум светот по неговото совршено тело.

Благодарение на него, оваа серија доживеа успех на светско ниво, а по емитувањето на минатата сезона, тој некое време живееше од старата слава, а потоа падна во заборав.



Со текот на годините, тој беше придружуван од разни скандали и бизарни ситуации кои беа снимени од камерите. Во алкохолизирана состојба, тој уништил хотелска соба во Лондон пред 12 години и удрил лекар, а пред тоа до јавноста стигна видео во кое пијан се обидува да јаде хамбургер на подот од бањата.


Иако можеше да ја освои скоро секоја жена, само Хејли Робертс, девојка три децении помлада, успеа да го освои неговото срце. Славниот актер наполни 69 години, токму во нејзините прегратки. 

Иако е на чекор од седмата деценија од својот живот, актерот изгледа феноменално. Како што еднаш призна, тој не прескокнува тренинзи, и строго се придржува кон диетата што му ја препишал нутриционист.


Фото: Profimedia/Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Дона од „Чувари на плажата“ им пркоси на сите закони за стареење: Погледнете како изгледа на 53 години