Беше суперманекенка, една од најубавите: Денес на 53 години е ѕвезда која старее природно и се згрозува од пластични операции

Таа е една од најмоќните супермодели кои владееле со 90-тите, но е и една од ретките во суровиот свет на светскиот шоубизнис кои не подлегнале на трендот на естетската хирургија, покажувајќи како старее со стил и колку вистински природно изгледа во шестата деценија.

Кристи Тарлингтон синоќа се појави на фестивалот Трибека во Њујорк, рака под рака со својот сопруг Ед Барнс, покажувајќи дека сè уште изгледа како супермодел како пред речиси 30 години! 

Прославената манекенка блесна во елегантен свилен фустан во боја на старо злато, кој ја истакна нејзината витка, висока фигура, а комбинацијата ја заокружи со црни сандали, црн ремен околу половината и чанта. 

Интересно е што 53-годишната манекенка е една од ретките жени кои одолеаа на предизвикот на „вечната младост“, решавајќи природно да остари, а дека единствен инструмент на патот да ја зачува убавината е здравиот начин на живот и активна нега.

И навистина - таа отсекогаш била убавица, но се чини дека нејзините зрели години и донеле дополнителна духовност и шарм, а нам ни останува само да ѝ се восхитуваме на жената која е една од оние кои решиле да не се замараат од некои брчки и да ги носат нивните години со вкус, достоинствено и женствено! 

„До неодамна сите тие работи не ни постоеја, колаген, масни клетки, сите оние луди работи кои луѓето ги прават за да се подмладат, а кои не можам ни да ги замислам. Прво, немам време за сето тоа , и второ, мислам дека тоа воопшто не изгледа добро. Можеби ќе мислам поинаку да мислам дека на крајот тоа изгледа убаво, дека не боли или не испраќа лоша порака до младите. Но, сè уште не сум видела некој да го направи тоа и да си помислам - добро е, тоа е добра идеја. Сето тоа мене ми изгледа многу чудно“, објасни еднаш Кристи.


Фото: Youtube - screenshoot/ Профимедиа