Беше убавица во екот на кариерата, но во 2008 година нејзиното момче ја унакажа фрлајќи ѝ киселина во лице: Сега таа покажа како изгледа по 200 операции

Британската водителка, авторка и инфлуенсерка Кејти Пајпер на социјалните мрежи откри дека била итно хоспитализирана бидејќи се задавила од храна. Таа била подложена на операција на хранопроводот и објасни дека го има овој проблем бидејќи не може правилно да проголтува поради лузните што ги имала во пределот на вратот.

Со селфи без трошка шминка од болничкиот кревет, Кејти рече дека сега се чувствува добро, а потсети и дека споменатите лузни се последица од страшната несреќа што ѝ се случи во 2008 година. На ова селфи, таа ги покажа лузните сосема отворено, без филтри и шминка, за што секако треба многу храброст!

Но, ако нешто ја украсува оваа позната 37-годишна дама, тоа е храброст.


Имено, во 2008 година, оваа дама имаше се‘ што може да посака една млада девојка - слава, убавина, добра кариера, пари ... Но, истата година, се соочи со траума по која ништо не беше исто! Таа кобна година, таа беше жртва на нејзиното тогашно момче Даниел Линч, кој го организираше нападот врз неа - ангажираше професионалец да истури сулфурна киселина врз лицето на Кејти.

Како резултат на овој монструозен чин, Кејти ослепе во едното око, а кожата на лицето и беше целосно уништена ... Година и пол по инцидентот, таа се сокри од јавноста, обидувајќи се да застане на нозе и лекуваше трауми и рани, како физички, така и психички. После тоа, таа одлучи да не се крие и да зборува за се‘, со цел да им помогне на жените кои исто така се жртви на некаков вид насилство.

„Се сеќавам на времето кога не сакав да видам никого ниту сакав некој да ме види. Се сеќавам колку се плашев од луѓето, особено од мажите. Се плашев од целиот свет. Се сеќавам дека да зборував за оваа траума беше невозможна мисија тогаш“, рече таа тогаш. 

Да потсетиме, Кејти беше на почетокот на нејзината манекенска и водителска кариера во моментот кога беше нападната. Таа ја освои титулата Мис Винчестер и имаше големи планови, кога го запозна гореспоменатиот Даниел, со кого наскоро влезе во врска.

По само две недели врска, ја силувал и ја малтретирал точно осум часа, по што испратил познаник да и истури киселина врз лицето. Сепак, раката на правдата стигна до него - тој беше уапсен и осуден на доживотен затвор, а минимумот што мора да го служи, дури и ако добие олеснување, е 16 години.

Денес, Кејти успеа делумно да го реконструира своето лице благодарение на бројните естетски процедури, а имаше повеќе од 200 операции со цел да го врати своето здравје, но и да си го реконструира лицето. Напиша три книги за своето искуство, таа е многу социјално активна, ја следат речиси милион луѓе на Инстаграм и дури успеа повторно да се застане пред камера - често е ангажирана како водителка на телевизиски емисии.


„Кога се‘ се случи, луѓето постојано ме прашуваа: „Што сега?“ Бидејќи не се вклопив. Се сеќавам дека мислев ако се прифатам дека сум се променила целосно, тогаш и индустријата мора да се промени. Кога ќе се споредев со другите жени, чувствував толку многу болка, радост и еуфорија во овие кратки 36 години. Но, тоа ми даде непоколеблива доверба, знаење дека што и да се случи во мојот живот, јас сум во состојба да се опоравам од тоа“, рече таа во интервју за „Harper's Bazaar“.

Од 2015 година е во среќен брак со градежниот изведувач Ричард Џејмс Стант, а двојката има и две ќерки.


„Кратко откако станавме двојка имав комплицирани операции, па предложив да почекаме неколку месеци пред да ја продолжиме врската. Тој одби и беше покрај мене цело време. Ме гледаше каква што сум и ме сакаше", истакна Кејти.

Беше малку чуден, духовит и ме гледаше право во очи. Никогаш не ги спомна моите лузни, а ниту јас. Тој ме опушти и направи да се чувствувам сигурна. Никогаш не мислев дека ќе имам среќа да го доживеам тоа, но ете - навистина сум привилегирана и среќна“, рече таа еднаш.


Фото: Профимедиа/Инстаграм

„Брутално сум унакажана и крајно деформирана“: Мачна и болна исповед на некогаш најубавата суперманекенка