„Брутално сум унакажана и крајно деформирана“: Мачна и болна исповед на некогаш најубавата суперманекенка
Линда Евангелиста, една од петте супермодели кои ги освоија модните писти во 90 -тите и беше синоним за овој термин, неодамна откри дека била „брутално изобличена“ поради ретките несакани ефекти од естетската процедура на која била подложена пред пет години.
Прославената 56-годишна девојка излезе на Инстаграм во средата за да и гo објасни на публиката фактот дека живее во изолација и дека ретко се појавува во јавноста. Модната икона истакнува дека останала „трајно деформирана“ откако поминала низ процедурата за намалување на маснотиите.
Линда посочи дека била подложена на таканаречената постапка CoolSculpting, но наместо да се намалат, нејзините масни клетки се зголемиле, што е ризик за кој претходно не била предупредена, поради што сега правдата ја бара на суд.
Со оваа тужба, напредувам со намера да се ослободам од срамот и да излезам јавно со мојата приказна. Уморна сум од ваков живот. Би сакала да излезам низ врата со крената глава и покрај тоа што повеќе не личам на себе“, напиша Евангелиста.
Поранешната манекенка разви парадоксална хиперплазија на масното ткиво - редок штетен ефект на криолиполиза, кој досега е пријавен во 0,0051 проценти од случаите во 1,5 милиони процедури извршени ширум светот. Оваа последица не е штетна за здравјето, но не исчезнува со текот на времето сама по себе.
„Денес направив голем чекор во поправањето на грешката што ми се случи пред пет години, за која до сега молчев. Јас им должам одговор на моите следбеници кои се прашуваа зошто не работам додека напредуваат кариерите на моите врсници. Причината е што сум брутално изобличена од постапката CoolSculpting. Тоа беше направено спротивно на она што ми беше ветено. Моите масни наслаги се зголемија, не се намалија и ме оставија трајно деформирана, дури и по две болни, неуспешни корективни операции. Станав, како медиумите што ме опишаа, „непрепознатлива“.
Развив парадоксална хиперплазија на масното ткиво (PAH), ризик за кој не бев свесна пред да се подложам на постапката. Ова не само што ми ја уништи егзистенцијата, туку ме турна во фази на длабока депресија, длабока тага и најниски длабочини на презир кон себе. Станав осамен волк ...
Линда со години не објавувала свои фотографии на социјалните мрежи, па дури и да ги објавила - секогаш имала капа или шал на нив. Нејзините јавни настапи во последните години може да се избројат на прстите на едната рака - токму поради стравот од папараците и официјалните фотографии.
Манекенката доби огромна јавна поддршка по оваа болна, искрена исповед, а нејзините колеги не штедеа ниту збор за утеха и љубов. „Линда, твојата сила и суштина на животот се препознаени засекогаш и секогаш ќе бидеш икона“, и напиша Синди Крафорд, додека Хелена Кристенсен напиша: „Важно и убаво е кога некој ќе направи чекор, излезе од неговата тишина и е брутално искрен и вистински. Ти благодарам што си убава и надвор и внатре".
Да потсетиме, Џани Версачи и Карл Лагерфелд тврдеа дека Линда е нивната вечна муза, а во 1992 година беше прогласена за „светска sвезда на модели“. Таа има над 700 насловни страници зад себе, и рамо до рамо со Кристи Тарлингтон, Наоми Кембел, Синди Крафорд и Кејт Мос, ги напиша најсветлите страници на светскиот модел. Се запамети нејзината легендарна изјава „дека не станува од кревет без 10.000 долари дневно“.
Извор: zena.blic.rs
Фото: Инстаграм