Беше во брак со геј, но ја пронајде љубовта на животот: Нераскажаната приказна на 96-годишната актерка Анџела Ленсбери

(насловна фотографија: Youtube/The Untold Truth Of Angela Lansbury )

Актерката Анџела Ленсбери е најпозната како Џесика Флечер во популарната серија „Murder, She Wrote“. Оваа жена е една од најомилените фигури на британско-американската филмска сцена. Таа со својата енергија и позитивен став ги освои срцата на луѓето кои ја гледаа во различни улоги. Сепак, не многу луѓе ја знаат приказната зад нејзината насмевка.

Родена во источен Лондон, Анџела Лансбери емигрирала во Соединетите Држави со своето семејство за време на Втората светска војна. Уште од раното детство, таа била заинтересирана за книги, театар и кино. Токму во Њујорк почнала да го негува својот талент за глума. Откако се пресели во Лос Анџелес, Лансбери потпиша договор со „Метро-Голдвин-Мајер“, по што се појави во 13 филмови со студиото. За разлика од многу нејзини колеги, нејзиниот подем беше релативно лесен.


Лансбери имаше само 19 години кога се омажи за актерот Ричард Кромвел. Тие се венчаа во 1945-та година, но се разделија помалку од една година подоцна. Првично, двојката не ја откри причината за нивниот развод, но Лансбери ја призна вистината многу години подоцна.

Фото: Youtube/The Untold Truth Of Angela Lansbury 

Како што таа еднаш рече, разликата во годините не беше единствената пречка. Атрактивниот, чудесен маж во кој таа се заљубила, испадна дека е геј. Сепак, Лансбери рече дека, и покрај тоа, не жали за бракот со Кромвел и дека тие останале добри пријатели доживотно.


Лансбери ја започна својата актерска кариера добивајќи номинација за Оскар за нејзиното филмско деби во „Gaslight“ од 1944-та година, и продолжи да реди успеси. Кралицата Елизабета Втора ја препозна нејзината вредност и ја унапреди во Дама командант на Редот на Британската империја во Новогодишните почести за 2014 година за драма, добротворна работа и филантропија во замокот Виндзор.

По еден неуспешен брак и многу успеси во кариерата, Лансбери повторно се заљуби. Во 1949-та година, таа му кажа „да“на англискиот актер и продуцент Питер Шо. Нивниот брак траеше повеќе од 5 децении, што е реткост во холивудската филмска индустрија. Лансбери и Шо беа партнери на работа и љубовници дома. Како што истакна таа, тие беа сè еден за друг, и тоа е она што го направи нивниот брак да трае толку долго.


Како што изјави Лансбери, она што ги направило совршена двојка е тоа што имале иста енергија. За нив не постоеле нерешливи проблеми. Љубовта и посветеноста што ја негуваа може да послужат како пример за нивните пријатели и колеги.

Непотребно е да се каже дека по смртта на Шо, Лансбери беше со целосно скршено срце. Загубата на саканиот ја доведе во депресивна фаза. Како што изјави во интервју за Си-Ен-Ен, не сакала да се натера себеси да излезе од тоа и да се однесува како да е добро. 

По извесно време, таа успеа да продолжи со својот живот. Знаејќи дека нејзиниот покоен сопруг би сакал таа да продолжи, ја врати својата прекрасната насмевка.