Бети Вајт наполни 98 години: Мудростите на легендарната актерка и комичарка

Легендарната актерка и комичарка Бети Вајт денес наполни 98 години. Таа веќе со години ја забавува публиката со своите улоги, но и со своите изјави. 

Една од пионерките на телевизијата, може да се пофали со најдолгата ТВ кариера во историјата. Има 77 годишен стаж, а најпозната е по улогата на Роуз Ниланд во серијата „Златните девојки“ и онаа на Елка Островски во серијата „Лудница во Кливленд“. 

Но, на јавноста секогаш ѝ бил поинтересен нејзиниот приватен живот и животните мудрости кои несебично ги споделува. Бети се мажеше три пати, а откако последниот сопруг, Ален Лиен почина во 1981 година, веќе не се омажи. Гостувајќи кај Лери Кинг, на прашањето зошто веќе не се омажила, таа одговори: „Еднаш кога си го имал најдобриот, што повеќе ти треба?“

Бети се мажеше три пати, а откако последниот сопруг, Ален Лиен почина во 1981 година, веќе не се омажи

На прашањето, кога ќе оди во пензија, таа вели: „Сакам да работам и ќе престанам дури кога ќе престанат да ме прашуваат“. Бети вели дека има тајна формула на долговечноста и дека е само благословена со добро здравје. Таа никогаш не ги крши своите правила: спие осум часа, никогаш не појадува, а за ручек понекогаш јаде сендивич. 

За вечера, Бети обавезно пие чаша водка во мраз, а друштво ѝ прави нејзиниот миленик. 

Некои од омилените мудрости на Бети се следниве:

- Уживајте во животот, концентрирајте се на позитивните работи.

- Сѐ уште се радувам кога ќе видам вистински џентлмен кој ми ја отвара вратата.

- Не сум добра готвачка. Во кујната одам само кога треба да си го наранам кучето.

- Ми велат дека Фејсбук е одлична можност да се поврзам со старите пријатели. Во моите години, да се поврзам со старите пријатели ќе ми треба плоча за викање духови. 

- Не сакам пластична хирургија. Некогаш среќавам стари пријатели, па не можам да ги препознаам од пластиката, ги познавам само по гласот. 

- Секогаш сум сакала постари мажи од мене. Во моиве години, искрено, ги нема многу.

- Мој совет? Спијте барем осум часа за убавина. Девет ако сте грди.