Бев разделенa од децата, Велигден ќе го славиме заедно: Пејачката Јованка Житарова - Јова за Женски магазин

Голема е среќата на пејачката Јованка Житарова - Јова. Празниците ќе ги помине со нејзините близнаци Зои и Картер.

-Децата неколку месеци беа кај нивниот татко во Алјаска. Многу ми недостасуваа. Со нетрпение ги очекував. Откако се тука постојано се гушкаме и разговараме како им поминало времето таму и како јас се чувствував без нив. Сега се веќе поголеми и уживаат во бојадисувањето на јајцата и украсувањето на домот. Заедно се погриживме за се  – открива пејачката.


Велигден ќе го прослават во Неготино, кај родителите на пејачката.

-Пресреќна сум што на овој празник, кој го обединува семејството ќе бидеме сите заедно. 


–Ги научив децата дека адет е да се кршат јајца и да кажат „Христос воскресе“ , додава таа. Посакувам  среќа за Велигден не само за нас, туку за сите. Нека празниците ни донесат само убавини -  вели Јова.


Пејачката по пауза од 10 години повторно се врати на сцената со темата „Сама своја среќа“ на Роберт Билбилов. Планира сериозно да ѝ се посвети на кариерата и да снима песни кои ќе ја претстават во поинакво музичко светло. Житарова една деценија живееше на Алјаска. Пред две години се разведе од сопругот и со своите близнаци се врати во Македонија.

 (С.А.Н)