Бев во кома 15 дена, се разбудив неподвижна и со амнезија, го препознав само син ми: Соњa слави два родендена

Соња Петковска слави два родендена. Едниот е датумот кога се родила, а другиот е 15 декември „ денот кога се вратила од мртвите“ . Пред повеќе од две децении на тој ден ја прегазил автомобил. Последиците од тешките повреди ги чувствува и денес. До неодмана работела како негователка во ЈЗУ Специјална болница за геријатриска и палијативна медицина.  Постојаниот контакт со пациенти заболени од Ковид 19, за бил ризичен за нејзиното кревко здравје. Морала да даде отказ.

-На 10 демекмври 1996 година,враќајки се од работа еден пијан возач незастана на семафор, туку со голема брзина се качи на тротоар и ме удри позади грб.Ме исфрли до едно дрво од багремите. Потоа од дрвото паднав на автомобилот, па на тротоарот. Како што ми раскажуваа подоцна, не сум давала знаци на живот,ме покриле и чекале полиција.Среќа што тука, во близина живееа мои колеги, кои истрчале и ми ја дале првата помош. Сум се освестила и викнале брза помош.Не се сеќавам на ништо повеќе. Како низ магла памтам како ме туркаат на количка во стара Градска болница и толку. Сé е темно понатаму – ја почнува Петковска приказната за својата борба за живот.

УЧЕВ ДА ОДАМ СО ЌЕРКА МИ КОЈА ТОГАШ ИМАШЕ ЕДНА ГОДИНА

Крварење во мозокот,потрес на мозокот, скршеница на десната скапула која неможе да се гипсира. Тоа биле повредите кои ги добила. Несреќата се случила во 20 часот, а нејзиното семејство го известиле некаде околу полноќ.

-Докторите предложиле да ми ја отворат главата,но моите родители не дозволиле.Имав две деца,29 години и стажод само три години во Геронтолошки завод. Бев во кома 15 дена. Се освестив неподвижна и со амнезија. Не познавав никого и не се сеќавав на ништо.Го препознав само син ми, кој имаше седум  години. Не се сеќавав на ќерка ми и на почетокот одбивав да ја видам.Докторите се чудеа како е можно да преживеам, бидејќи веќе ме отпишаа – се присетува Соња и дополнува како успеала да се сноси со тешкотиите.

-Упорна бев. Почнав да станувам полека. Чекор по чекор си ги вршев домашните обрски. Никој не ме притискаше да се сетам на нешто. Се однесуваа со мене како да е се во ред. Му благодарам на семејството, особено на родителите кои беа многу силни пред мене и не покажаа слабост. Поддршка имав и од пријателите, особено од колешката Вики која секој ден доаѓаше дома да ми ја даде терапијата. Секако, му благодарам и на Господ шт почна да ми се враќа памтењето и силата. Со ќерка ми која тогаш имаше една година, ги правевме првите чекори – открива таа.

СПОРЕД ПРЕСУДАТА ШОФЕРОТ ШТО МЕ ПРЕГАЗИ ТРЕБАШЕ ДА ПЛАТИ ОШТЕТА ЗА БАГРЕМОТ, А НЕ ЗА МОЈОТ ЖИВОТ

По шест месеци од несреќата Петковска се вратила на работа. Вели дека застанала цврсто на нозе, но болките од повредите ги чувствувала со голем интензитет.

- Десната рака малку потешко ја движев. Ако се изнервирав или бев уморна, десната страна на устата ми се здрвуваше и потешко зборував. И денес ги имам истите последици,но болките се помали. Со годините се појавија и силни болки во кичмата, колената, рамото. Добив дискус хернија, дископатија, горнатрозис на колената , дијабет тип 2, како последица од ударот. Но, најтешко ми беше што донесоа пресуда шоферот кој ме прегази да плати оштета што се скршил багремот. Мене ми рекоа ако сакам оштета да покренам грачѓанска постапка. Багремот повеќе вредеше од мојот живот – вели Соња.

И покрај лошата здраствена состојба, вели дека уживала во работата со пациентите и максимално им се посветувала, се до мигот кога се појавува пандемијата со КОВИД 19. При нега на пациент кој се покажал дека е позитивен, морала да оди во изолација. За среќа сите тестови и биле негативни.

-Со моите дијагнози иако се хронични, не бев пациент од групата 0оја требаше да седи дома, за време на пандемијата. Бев принудена да одам на чести и долги боледувања. Некои колешки ме разбираа, но некои не. За, среќа имав добра одделенска сестра, која ми излегуваше во пресрет, како и директорката. Почна да расте бројот на заразени, а со тоа и мојот страв од короната поради здраствената состојба. Од постојаното носење ракавици добив и габична инфекција на рацете. Донесов одлука по 28 години да ја напуштам работата. Среќа што најдов лек за габичната инфекција, а и за болките во кичмата во „ТианДе“. Решив да заработувам колку можам со продажба нивните производи од дома. Кога ќе замине кризата пак ќе почнам да работам. Човек што сака да работи, секогаш ќе најде работа –посочува Петковска.

Несреќата ја научила на најголемата животна лекција –упорност и борба. На 53 години подготвена е за уште многу победи.

- Не се откажувајте и не губете надеж и кога сте болни. Борете се како мене. Благодарение на мојата упорност и борба и на Господ кој ми даде шанса децата да ми растат со мајка, живеам втор живот. Со силна волја и желба за успех свтртев нова страница во мојот живот. Кога ја имаш силата, надежта и вербата, секогаш ќе бидеш победник. Така и јас, на 53 години подготвена сум за нови победи – завршува Петковска.

Соња Алексоска Неделковска