Бикови ве очекува голема пресвртница, Лавови внимавајте на кого се доверувате: Неделен хороскоп од 24 февруари до 2 март
Вага
Оваа недела сте решени да спроведете одредени идеи, особено во однос на семејните односи. Веќе не дозволувате никој да се меша во вашите одлуки особено во следните неколку недели.
Шкорпија
Се активира вашето поле на деловни и пријателски односи и ќе бидете под ова влијание во текот на целиот ден. Ситуацијата со партнерот е многу стабилна, што ви носи внатрешен мир и задоволство. Проблем со коленото.
Стрелец
Ќе бидете многу расположени кога е во прашање почетокот на неделата, а остатокот ќе биде преоптоварен со деловни обврски и можно патување надвор од градот. Најдете начин јасно да ги дефинирате вашите цели во однос на односите со деловните соработници.
Јарец
Активни сте кога се во прашање односите во компанијата или во врска со деловните активности. Во наредниот период потрудете се да имате што повеќе добра соработка со личност под знакот на Овен. Енергијата што можете да ја имате со оваа личност е многу стабилна.
Водолија
Ова е многу комплицирана недела која ја усложнува ситуацијата во која сте веќе некое време поради партнерот и неговите негативни потези. Најважно е да останете присебни и смирени и да не одлучувате ништо во текот на следните денови.
Риби
Вашата љубомора и потребата да доминирате во партнерските односи се многу актуелни деновиве. Партнерот ќе биде негативно расположен поради вашата потреба и ќе се обиде да реши одредени работи без да влезе во конфликт.
Фото: freepik