Болен скандал во шпанскиот двор: Сопругот на принцезата излезе на викенд од затвор, а она што го направи ја уништи нивната врска

Foto:Profimedia

Кралските дворови секогаш се полни со интриги и скандалозни моменти, а додека кралот на Шпанија ужива во совршениот брак со кралицата Летиција, се чини дека неговата сестра и понатаму нема многу среќа во љубовта.

Сестрата на шпанскиот крал Кристина е во брак 25 години, но неодамна се појавија фотографии од нејзиниот сопруг на кои поранешната ракометна ѕвезда Ињаки Урдангарин за рака држи колешка од работа и со тоа се потврдија шпекулациите за развод.

Откако поранешниот шпански крал Хуан Карлос избега од земјата, поради финансиски малверзации додека беше на власт, на суд поради корупција и проневера заврши и неговата ќерка Кристина. По тој повод нејзиниот сопруг Ињаки заврши зад решетки, а по оваа драма сега на ред е прељубата.

Урдангарин деновиве е главна тема на сите шпански медиуми, поради фотографиите направени на кои 54-годишниот поранешен спортист се шета на плажа, држејќи се за рака со тогаш се уште непозната жена. Неговата сопруга Кристина де Борбон, која во последно време живее во Швајцарија, долго време е запознаена со целата приказна, па не ја дочекаа неподготвена.

Нивниот 21-годишен син Пабло Урдангарин, кој тргна по стапките на својот татко и е успешен ракометар, за медиумите изјави дека „сѐ уште сите се сакаат подеднакво“.

Ињаки и Кристина последен пат беа снимени во јавност минатиот месец, на семеен одмор во Бакир Берете.

Двојката е во брак од 1997 година, има четири деца, а Ињаки од јуни 2018 година издржува затворска казна од пет години и 10 месеци. Поради неговото добро однесување, минатата година му беше одобрено барањето да се пресели во шпанскиот затвор во трет степен, што значи дека треба да се појавува и да се јавува во затвор еднаш неделно.

Работите се случуваат и тоа ќе го решиме на најдобар можен начин. Ситуацијата ќе ја решиме крајно мирно и заедно како и секогаш“, изјави поранешниот ракометар.