БОРБА ЗА ПЕЧАТЕЊЕ НА СВЕДЕТЕЛСТВАТА: Тендерот е закочен, втора година по ред учениците се без сведетелства

Втора година по ред учениците во Македонија не ги добиваат сведетелствата веднаш по завршување на училишната година. До редакцијата на Фактор стигнаа голем број коментари од родители и наставници кои посочуваат дека најрадосниот момент за учениците, посебно за оние најмладите, доделувањето на сведетелствата, е оневозможен заради проблемот со печатење.

-Мојата ќерка сега заврши петто шесто одделение, но ниту лани, ниту оваа одина не го зема сведетелството веднаш по завршување на училишната година. Изминатата година и не ни обрнавме некое поголемо внимание на ова, бидејќи беше се уште пандемија, па самата организација околу доделувањето на сведетелствата беше покомплицирана. Оваа година требаше да се земат на 25 јуни и знаете како е кога е прва година во вишите одделенија, повеќе предмети, повеќе оценки, прва година со класен раководител и тоа е навистина свечен момент за децата. Но за жал бевме информирани дека доделувањето на сведетелствата ќе доцни, и при тоа дознавме дека станува збор за проблем кој се однесува на печатење на сведетелствата, посочува Даниела Т. од Скопје, мајка на шестоодделенка.


Детали читајте на Фактор тука.